Денес не

11.10.2017 12:04

I, 3.

Која е госпоѓана,
се прашуваа.
Чекореше крај реката,
по мостот кај што порано пееше,
кај што одеше во црно
и чекаше на животот,
кај што минеше со колички,
со поети и со комунисти,
кај што се вртеше кон светот,
кај што градеше сплавови,
нурнуваше луѓе
и фрлаше зад нив рози лажејќи се себеси.
Која е госпоѓана во сиво,
се прашуваа.

Превод: Лидија Димковска

Maruša Krese (1947-2013), словенечка писателка, поетеса и новинарка. Долго живеела и работела во Берлин. Во 1997 година доби одликување од германскиот претседател за нејзините заслуги на подрачјето на културната и хуманитарната размена меѓу Германија и Босна и Херцеговина.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото