Дали социјалните медиуми ѝ штетат на демократијата?

12.10.2017 00:04
Дали социјалните медиуми ѝ штетат на демократијата?

Социјалните медиуми, како и технологијата генерално, имаат двојна природа, позитивна и негативна. Со развојот на комуникациските технологии позитивните страни станаа општоусвоен стандард кој се подразбира во секојдневното живеење и комуницирање.

Бидејќи позитивните страни се во голема мера усвоени, од друга страна негативните страни ни стануваат се поочигледни и ни пречат.

Токму на оваа линија, негативните страни на социјалните медиуми во однос на политиката и демократијата, во последно време се предмет на многу истражувања. Едно од нив е истражувањето на Democracy Fund и Omidyar Network, насловено како „Дали социјалните медиуми се закана за демократијата“.

Клучните наоди од истражувањето можат да се сумираат во 6 точки кои ги прецизираат штетните влијанија на социјалните медиуми во политиката и општеството:

1. Поларизација на граѓанското општество преку онлајн поттикнато сегрегирање и фрагментирање (т.н. феномени на „ехо-комори“ и „филтер-меури“, т.е. echo chambers, filter bubbles).
2. Забрзано пренесување и ширење на дезинформации, кои ги зајакнуваат манипулативниот популизам и т.н. „анти-либерален бран“.
3. Креирање паралелни реалности преку алгоритми базирани на популарност и кликови.
4. Подложност на политичка злоупотреба на гласачитепреку давање глас на злонамерни поединци и групи за ширење на дезинформации кои влијаат врз јавното мислење.
5. Собирање на невидени количества информации за корисниците на социјалните мрежи кои можат да се злоупотребат за да се манипулира со нивните навики и однесувањето.
6. Овозможување и олеснување на говорот на омраза, јавното понижување, таргетирана маргинализација на обесправени или малцински групи.

Ова се клучните негативности кои можеме да ги потврдиме и од локалната и регионалната пракса. Станува збор за глобални проблеми кои лесно добиваат локални форми и вешто се користат за политичка манипулација.

Клучните проблеми на кои се навраќаме како муви на светилка се:

 слабата медиумска култура и писменост, кои ја олеснуваат злоупотребата на комуникациските технологии.
 непримената на постоечките закони за превенција и санкции (помогнати од корпуција, непотизам и владеење на непишаното право и закони).
 политички пристрасен и корумпиран граѓански секторво кој владее т.н. „зулу-етика“ и „племенско право“ (ако другиот прави нешто лошо и штетно тоа е криминал, ако ние го правиме истото тоа е во ред).
 непостоење волја кај политичките лидери и граѓанитесами да направат или преземат нешто да се сменат работите на подобро.

Илустрации: Pawel Kuczynski

Извор: http://komunikacii.net/

ОкоБоли главаВицФото