Стари корици од книги во движење

12.10.17 01:18

Германскиот дизајнер и аниматор Хенинг М. Ледерер оживува минималистички дизајнирани корици од книги. Проектот го започнал кога ги пронашол книгите. Нивната естетика, нивните чисти геометриски форми и примамливите шеми на боите го натерале да се запраша: Како ќе изгледаат во движење?

Заедно со неговиот пријател Јорг Стирле (кој работел на саундтракот) направиле серија анимирани делови кои ги поврзале во две целини. Првото видео содржи 55 анимирани корици од книги, а второто 36. Ледерер вели дека за него е важно да работи на лични проекти кои се всушност креативен контрабаланс на комерцијалната работа.

Извор: http://www.printmag.com

ОкоБоли главаВицФото