(Некни видов толку примамлив цртеж...)

12.10.2017 11:12

Некни видов толку примамлив цртеж:
како еден мајстор госпоѓица легнал
и ја населил божем пејзаж?
со рекичка и селце; за тунел-вагината

железнички сигнал стоеше на стража,
во далната дојка се перчеше Двоглав.
Така јас кај тебе би живеел
меѓу ребрата со поглед на џбун:

еднаш в мрак, преправен ко џуџе,
би ја подмачкувал свртницата,
другпат од подалпската татковина

на Поголема би се качил ко на планина;
а понекогаш таму кај што лика нема
на брегот од твоите очи би си седнал.

Превод: Лидија Димковска

Milan Jesih (1950) е словенечки поет, драмски писател, писател на радио драми, писател за деца и преведувач (превел повеќе од 40 книги од англиски и руски, меѓу нив Булгаков, Чехов, Шекспир...). На сите тие подрачја се истакнува како еден од најинтересните автори во последниве триесетина години во Словенија.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото