1016 hPa
57 %
24 °C
Скопје - Саб, 07.09.2024 21:59
Новинарите ќе му бидат претставени на Ердоган по свечената вечера, кога ќе му биде овозможено во име на пријателството на двата народи да одреди симболични казни.
-Во чест на Ердоганн ги приведовме најдобрите примероци од антирежимските новинари кои можевме да ги фатиме во толку краток период – тие секојдневно пишуваа и известуваа за најлоши нешта против владата, претседателот и генерално, напредокот на Србија, се вели во соопштението на претседателството на Србија.
Како што се дознава неофицијално, Ердоган е мошне задоволен од ваквиот потег на државниот врв на Србија и ветува дека ќе возврати со иста мера за време на посетата на нашиот претседател на Анкара.
-Ова нека биде почеток на една долга и успешна демократска традиција во размената на казнувањето на неподобните медиуми, се наведува во официјалното соопштение на турската делегација.
Адаптирано од njuz.net