Конференција> Моделирање на јавниот простор(и) во културата

12.10.2017 12:53
Конференција> Моделирање на јавниот простор(и) во културата

Конференцијата Моделирање на јавниот простор(и) во културата нуди разновиден тематски преглед на „јавниот простор“ како физичка локација што создава општествени врски и „јавната сфера“ како збир на атрибути што придонесуваат кон формирањето на јавниот дискурс.

Конференцијата Моделирање на јавниот простор(и) во културата е една од активностите на Проектот Дисонантни (со)простори, чија цел е да понуди разновиден тематски преглед на „јавниот простор“ како физичка локација што создава општествени врски и „јавната сфера“ како збир на атрибути што придонесуваат кон формирањето на јавниот дискурс.

На конференцијата која се одржува во Кино Култура, од 12 до 14 октомври, јавните простори ќе се разгледуваат низ два различни аспекти:

1. Ревизионизам и производство на историја на културата и институциите. Во овој тематски фокус главно ќе се занимаваме со модернистичкото наследство од поранешна Југославија, критички разгледувајќи го терминот „дисонантно наследство“ и неговото користење во современиот културен контекст. Уште една централна точка е историјата на развојот на институцијата во поранешна Југославија.

2. Организациски и институтционално иновативни пристапи во управувањето со и моделирањето на институциите, или предлагање нови модели на јавни простори, како и нови модели на институции. Ќе се обидеме да испитаме разновидни пристапи како заедничките добра, учеството и корисништвото при моделирањето на новите јавни простори.
Покривањето на темите ќе одвива поделено во тематски целини со презентации, интервјуа, предавања, дискусии итн.

Четврток, 12 октомври

17:00 Кич-тура Скопје 2014 (Плоштад слобода)

19:00 Отворање

19:10 Каква е стратегијата за институционален развој на министерството за култура на Република Македонија? Министер за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски

19:30 Од од институирање до конституирањеуметничка автономија, Паскал Гиелен, Истражувачки институт, Антверп

20:45 Промоција на книгата Културна дипломатија: Уметност, фестивали и геополитика, учесниц(чк)и> Роберт Алаѓозовски, Министер за Култура на Р. Македонија; Милена Драгичевиќ-Шешиќ, Раководителка на Катедрата на УНЕСКО за Интеркултурализам, менаџмент во културата и посредување, Универзитет за уметност, Србија, уредничка на книгата; Лилјана Рогаќ Мијатовиќ, Факултет за драмски уметности – Белград, ко-уредничка и ко-авторка на книгата; и Билјана Тануровска Ќулавковски, Локомотива, Скопје, авторка на поглавје во книгата.

Петок, 13 октомври

10:00 Кратка презентација на проектот Дисонантни (со)простoри и културни простори за активни граѓан(к)и, Наташа Бодрожиќ, Милица Божиќ Маројевиќ, Ирина Љубиќ, Виолета Качакова и Билјана Тануровска Ќулавковски.

ТЕМА1: Јавниот простор во културата, институционалното дејствување во јавната сфера, Начини на уредување / локалниот контекст и специфики
10.30 Методи на институционално дејствување во јавната сфера: предизвици и остварувања, Проф. Милена Драгичевиќ Шешиќ, Раководителка на Катедрата на УНЕСКО за интеркултурализам, менаџмент во уметноста и посредување, Универзитет за уметност, Србија.

11:15 Модерира: Билјана Тануровска Ќулавковски; Учесниц(чк)и: Ана Жувела, Критичен придонес кон разбирањето на учеството: Поврзување на концептот со праксата; Маријана Цветковиќ, Поведување колаборативни уметнички практики во непријателска институционална условеност; Сања Ивановска Велкоска, Синдикатот на култура на Р.М. (СКРМ), неговата улога во реформирањето на јавните институтции во Македонија, Горан Ињац, Младинско гледалишче – Институционален пример за театарот како јавен простор.

ТЕМА 2; Јавните простори и нивната дисонантност – употребување, реупотребување или злоупотребување?

13:00 Модерира: Милица Божиќ Маројевиќ; Учесниц(чк)и: Наташа Бодрожиќ, Мотел Трогир; Драган Марковина, Сплит 3: Помеѓу модернизам и ревизионизам; Лилјана Рогаќ Мијатовиќ Обмислување на картографијата на јавниот простор и сеќавањето; Класке Вос, Градење на европски културни простори: Дискутирање на влијанието на европската културна политика по однос на концепциите на сеќавањето и идентитетот во Југоисточна Европа; Данило Прњат Додатно дополнителна настава / Домовите на културата од минатото и иднината; Горан Јанев, Неолибералното присвојување на јавните простори во пост(анти)социјалистичка Македонија

ТЕМА 3; Каков вид на јавни простори во културата ни требаат? Кому треба да му/и’ припаѓаат јавните простори во културата? Интервенции во владеењето, гентрификација на јавната сфера, мигрирачки институции, запустени простори

Модерираат: Славчо Димитров, Мартин Содеркамп и Билјана Тануровска Ќулавковски

15:30 – 16:15 Џиџи Аргирополу, Запустени простори: Поведување интервенција и Ивана Драгшиќ / Заедничкото како еманципаторска тенденција во времиња на дисидентско дејствување и дисонантни простори / Славчо Димитров м.

16:15 – 17:00 Драгана Алфиревиќ, Издржливост, номадизам и светки: Примерот на танцовата академија Номад како солидна стратегија и флуидна структура, и Ингрид Коње, Конкретни стратегии предложени по однос на контекстот(ите) во кој се одвива некој (уметнички) предлог / Мартин Сондеркамп м.

17:00 – 17: 45 Рок Вевар, Краток историски осврт на отсуството на институции за современ танц во социјалистичка Југославија и во пост-југословенските републики и Саша Асентиќ Повторно нитшо ново во Нови Сад / Билјана Тануровска Ќулавковски м.

18:00 Предавање-Перформанс, Слики од минатото како слики за иднината, Допелгангер

18:45 Данило Прњат, презентација на истражувањето на тема: Јавните простори во култирата / Домовите на културата во Србија и Македонија

Недела, 14 октомври

ТЕМА 4: Какви институции се можни во контекст на (пост) политичките/општествени кризи и како да се надмине дуализмот на јавно-приватно-граѓанско?

10:30 – Модерира: Славчо Димитров; Адхам Хафез и Адам Кучарски, Екстратериторијално Министерство за култура; Јане Чаловски, Социо-културен простор Центар-Јадро; Ивана Васев/Филип Јовановски, Создавање заеднички јавен простор како политичка, не организациска одлука; Виолета Качакова, Кино Култура како воспоставување на јавен културен простор и Корадо Џемини, Шеми на заедништво: Сопственост и културна продукција во ерата на автоматизацијата
Дискусија

13:00 Затворање на конференцијата

 Дисонантни (со)простори и проект на соработка што вклучува три регионални граѓански здруженија: Локомотива од Скопје, Фондацијата Јелена Шантиќ од Белград и Слободни врски од Загреб.

Целта на проектот е да ги прикаже можностите за преземање на запуштени, напуштени или простори што се „некаде помеѓу“ (поради неразрешени имотни односи или други проблеми) созадени во рамките на различни социо-политички и просторни парадигми, истражувајќи што таквите простори означуваат денес, како и нивниот потенцијал за вклучување и граѓанско учество преку јавна дебата, уметност и култура.

Проектот се перципира како обид да се преиспитаат и истражат тековните процеси на историја и создавање простор, истовремено зачувувајќи некои од заедничките врадности и сеќавања преку создавање на нови простори за култура што ќе промовираат отвореност, хоризонтални структури, солидарност и вклученост. Се стремиме кон реактивирање и ре-создавање на просторите по пат на воведување нови содржини, истовремено зачувувајќи ги слоевите сеќавања и развивајќи дискурзивно поле во кое тие ќе се одразуваат.

Дисонантни (со)простори се проширува и пренесува на национално ниво во Македонија како проектот „Културни простори за активни граѓан(к)и, осврнувајќи се на развојот на разновидни модели на јавни простори во културата. Проектот го организира Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Скопје, во партнерство со Здружението ФРУ – Факултет за работи што не се учат и во соработка со здруженијата Плоштад „Слобода“, театарот „Навигатор Цветко“ и „Гласен текстилец“.

Концепт на конференцијата: Билјана Тануровска Ќулавковски

Програма на конфереција : Билјана Тануровска Ќулавовски, Милица Божиќ Маројевиќ и Наташа Бодрожиќ (консултации за некои делови од програмата)

Конференцијата е во организација на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата
Место на одржување: Кино Култура – Простор за современи изведувачки уметности и современа култура, поддржан од Општина Центар.

Дизајн на промотивните материјали: Немања Трајковиќ

Дисонантни (со)простори – проектот за замислување на нови институционални модели и практики е поддржан од Балканскиот фонд за уметност и култура – БАС (БАС е поддржан од швајцарската влада преку швајцарската Агенција за развој и соработка (СДЦ) и Европската културна фондација (ЕКФ) како и Министерството за култура на Републиа Србија. Конференцијата е исто така поддржана од ЦИВИКА Мобилитас (во рамките на проектот Културни простори за активни граѓан(к)и) и Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје.


 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото