Со 93 отсто точност може да се предвиди локацијата во иднината на секој од нас

13.10.2017 15:10
Со 93 отсто точност може да се предвиди локацијата во иднината на секој од нас

Еден од најоригиналните научници во светот денес е Алберт – Ласло Барабаси. Авторот на научно-популарните книги „Network Science", „Linked" и „Bursts", тој истражува како сè во светот е поврзано со нешто друго и како скриените модели владеат со процесите во големите мрежи, во кои сè, без исклучок, е во меѓусебна врска.

Еден од неговите најинтересни трудови, објавен во списанието „Science" во 2010 година, ги анализираше сигналите на мобилните телефони на 50.000 случајно избрани луѓе во текот на речиси 100 денови и, врз основа на тоа и на мерењата на ентропијата на личната патека на секој од нив, ги „научил“ моделите на движењето во текот на седмицата низ градот или низ светот на сите тие луѓе.

Авторите биле изненадени колку многу ги живееме животите според личните рутини и колку е предвидлива сечија локација во секој час од секоја недела, која со 93- процентна точност компјутерите можат да предвидат.

Тоа практично значи дека, следејќи го движењето на сигналот на нашиот мобилен телефон во тек три месеци, компјутерот сега може за секој од нас точно да предвиди каде ќе се наоѓаме во 156 (од вкупно 168) часови во текот на идната недела. Ова покажува дека дневното движење на секој од нас, наспроти впечатокот за слобода на избор на она што го правиме и спонтаноста на нашите одлуки, всушност е многу предвидливо. Авторите на студијата биле изненадени што меѓу 50.000 луѓе не пронашле ниту еден човек чијашто предвидливост би била помала од 80 отсто.

Ваквите научни студии ја наоѓаат својата примена во анализите на случаите каде што е важна човечката мобилност; на пример, во случи на епидемии, планирање на изградба на инфраструктура, сообраќајот, па и крииналистиката. Ако некаде се случи нешто лошо полицијата веднаш може да го праша компјутерот и со 93- процентна точност да дознае кој бил на местото на настанот во тоа време или, што е некогаш многу поважно – кој бил таму иако требало да биде на некое друго место.

Полека влегуваме во светот на „Minority report". Ова веќе не е Големиот брат, ова е Големиот брат со кристална топка – „Bigger Brother".

Извор: : https://m.facebook.com/igor.rudan.1

ОкоБоли главаВицФото