Мистеријата на жената

14.10.2017 11:03

од каде ова бледило
од каде овој мир
од каде оваа понизност

се плашам ненадејно да се изгубам
се плашам ненадејно да се потрошам
се плашам ненадејно да сум недоволна

кому во однос на што

јас сум верна љубовница
на сите страни разорана

 

Превод: Лидија Димковска

Ifigenija Zagoričnik Simonović (1953; вистинско име: Eva Batič), словенечка писателка, самостојна културна работничка, изработувачка на ракотворби, есеистка, професорка по славистика... Дваесетина години живеела во Лондон. Од 2003 живее и создава во Љубљана.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото