Кутии со хорор сцени

14.10.17 19:47

Енди Акри е мајстор за макети од Лондон и тој рачно изработува кутии преку кои може да ѕирнете во „еден поинаков свет“. Инспириран од приказните, секоја магична кутија прикажува морничави сцени во минијатурен размер. Стари напуштени фарми, хорор тавани и шуми обвиткани во магла се само некои од местата на овие приказни. Секоја „кутија со сенки“ прикажува прецизни детали, богати текстури и длабоки бои. Гледачите можат да ги испитаат страшните сцени од различни агли, да ги откријат интригантните, скриени детали и за секоја кутија да замислат своја приказна.

Извор:http://mymodernmet.com

ОкоБоли главаВицФото