(Кога бев мал нè носеа со знаменца да му мавтаме на претседателот)

18.10.2017 16:51

Кога бев мал нè носеа со знаменца да му мавтаме
на претседателот. училиштето беше крај целовшка улица,
на стратешкиот пат од аеродромот брник. понекогаш мавтавме
и со туѓи знaменца. кога имаше гостин.
сега нè носат на избори за да изгледа сето тоа чесно.
новата влада позира пред фотоапарати. од кај ли им е надежта
дека останало уште нешто за крадење. од ридовите
надоаѓаат силни ветришта, ладно е, а одвај малку снег.
ги гледам низ прозорецот луѓето кои полека сфаќаат
дека биле изиграни, а не им е јасно како тоа се случило.
а траело со години.

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото