„Вие живеете во состојба на пропаѓање“

19.10.2017 01:11
„Вие живеете во состојба на пропаѓање“

Во 2002 бевме оправдано еднакво еуфорични како денес во желбата, што сака да биде само тогашниот прв човек Љубчо Георгиевски да замине од врвот на ДПМНЕ.

Но тоа „што сака нека биде, само...“ или, со други зборови, нашата површност, помогна да бидеме некритични за тоа дека сепак негов наследник стана Груевски кој наместо пред судовите дојде на чело на ВМРО ДПМНЕ со потпишани криминални договори за ОКТА, Македонска банка, НПК и многу други.

Резултат: Криминалот само се мултиплицираше до олимписки височини.

Денес кога гледам како извесни реформатори покажуваат задоцнета памет со наводна цел да се демократизира ВМРО ДПМНЕ, имам чувство дека нашата површност и незаинтересираност за нивните криминални или не биографии, нè доведува повторно до веќе видена состојба.

Или, што би рекол познатиот македонски драмски писател, „Вие живеете не во состојба на пропаст, зашто пропаста е дефинирана состојба, туку во состојба на пропаѓање, постојано и постојано пропаѓање. Во истите дупки.“

Се радувам на победата на СДСМ. Ќе се израдував уште повеќе ако испитот на зрелост како граѓани, во смислата за која погоре зборувам, го покажевме дури и на некои претставници од мојата партија. Зашто има биографии кои речиси да ветуваат дека, за жал, Македонија уште долго ќе пропаѓа во истите дупки.

Честитка за победата на сите оние кои чесно и капацитетно ќе работат на сонот за посилно, поугледно и понапредно општество. Тоа е единствениот начин на кој се станува држава.

Слика: Свирачиња