Транзициски хитови, vol. 1

19.10.2017 14:27
ТРАНЗИЦИСКИ ХИТОВИ ВОЛ.1

Изложбата „Транзициски хитови вол.1“ се осврнува на контекстот во кој е формиран стилот и продукцијата на хиперпродуктивната музичка и забавна индустрија почнувајќи од 90-тите години до денес. Високо перформативен и драматичен во изразот, во смисла на тенденција за создавање на широко распространето влијание во тековното секојдневие, овој музички жанр, поттикнат од острата и прецизна смисла на современиот контекст, дава фасцинантен приказ на кризата на идентитетот во општество на проблематичните, криминализирани транзициски околности. Нивното производство првенствено се препознава како контроверзна комбинација на различни влијанија и идеологии, со хибриден музички израз и репрезентација на локални, традиционални, национални и ултрамодерни западни влијанија.

Оттука, она што е предизвик за Владимир Лукаш е да ги разобличи и анализира кодовите кои преку производство на метафори користени во доменот на популарната култура, ја консолидираат митската позадина на една заедница.

Популарната култура е во тек на постојано создавање, во тековен процес. Таа е поле на пародија и конвулзии. Поп музиката постојано се прилагодува на воспоставените контексти и означувачи. Се менува во согласност со потребата да биде релевантна во услови на променливи околности. Лукаш пак, преку декодирање на музичките и вербални содржини и анализа на контекстот во кој се создадени, создава дигитални цртежи во кои ги препознава стереотипите на одреден контекст, за да одново ги репродуцира и акцентира, продолжувајќи ја нивната транзициска актуелност и во современието.

Поп културата често ги истакнува постмодернистичките стратегии за рециклирање и присвојување. Лукаш исто така се занимава со процесите на де-визуализација и ре-артикулација на мисловната содржина во контекст на новите медиуми.

Дигитални цртежи не само што се „приказ“ на трансформација и идеосинкрезија, туку укажуваат на тоа дека треба да се сомневаме во генезата на овој приказ и да се обидеме да дешифрираме како и кои механизми доведуваат до производство на популарниот производ од кој се создава оваа нова фантасмагорична содржина. Реконструираната фантастика се става во рамките на личен интерпретативен систем, логика во која се развива теоријата на естетиката и политиката. Процесот на создавање на овие дела, дозволува да се откријат модели на мисла и перцепција кои го доведуваат во релација секојдневното популарно, и политичкото.

Оттука, со новиот медиум тој ја проблематизира репрезентацијата, предлага нови модели и парадигми на визуелни репрезентации и идентификации кои ги доведуваат во прашање познатите популарни форми на застапеност и овозможуваат формирање на нови форми на артикулација.

Јованка Попова

XXL - 100% те љубам

Арчи - да пукнеш леле што ми направи

Брејк - Во бестрага

Владо Јаневски - Чаирска романтика

Ѓорѓи Ѓорчев - Уна палома бианка

Дарио - Косоока

Ена Веко - До кога вака

Ерзана - Ноќна кралица

Игор Џамбазов -Време за плачење

Куку леле - Стамбол сосе Бардовци

Марија Каева и Принц - И веднаш е некогаш

Маријана и Росана - Признавам

Мартин Вучиќ - Рано е да е врзам

Меморија - Македонија

Мичо Анастасиу (во улога на Диоген) - Пари се опсесија

Наташа од трето 3

Нови дечки - Забава до бесвест

Пис Брадрс - Мрдам газ јас

Ребека - Мачо

Ристо бомбата - Комшивке убава

Силви бенд - Ангели ме носат

Студени нозе - Ко кучето мое

Трајче Манев - на -23

Трифун Костовски - Срце (не)тетовирано

Угро - Знам дека си ти кога викам ало

Џокси - Велигден

Слични содржини

Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Уметност / Теорија / Музика / Историја
Графички Дизајн / Уметност / Историја
Општество / Графички Дизајн / Уметност
Графички Дизајн / Уметност

ОкоБоли главаВицФото