Работава е и еснафска!

19.10.2017 13:32
 Работава е и еснафска!

Едно етничко чувство кружи наоколу пред вториот круг на локалниве избори: Албанците треба да кажат а Македонците да разберат - и vice versa - дека работава сега - освен човечка, етничка, граѓанска и демократска - станува и еснафска!

Имено, гласачите со својот избор сакаат и колективно да испаднат еснафи и чесни; како што е важно, на пример, за Македонците, кратовчани да се ослободат од задоцнетиот феудализам во форма на Ѕинго или од криминалот обвиткан со псевдо патриотизам во Кисела Вода, така и на Албанците, на пример, им е важно да го ослободат Дебар од истите симптоми како оние во Кратово и Чаир и речиси истите како оние во Кисела Вода!

А бидејќи достоинството, верноста и дигнитетот се вредности поврзани и со локалната припадност, како и слободата и правдата. Ако ги нема насекаде и за сите - тоа е првата карактеристика на апартхејд.

Слика: Свирачиња