Градот и детето

19.10.2017 17:01

Ниту еден лелек, навистина, не е без цел. Сал кога архангел
ќе ни се прикаже ко в планина модра сириштарка, за миг
сфаќаме каде ни е вистинската татковина. Нема да замре
твојот вавилонски крик. Затоа поетите не ги фаќа сон. Задачата

се чини јасна: ќе биде тоа хроника, а во неа ќе има болка.
Голема како карпа леденик што се топи. И ги поплавува
афионските полиња и села, нишани во бордурата на порталот
и во раскошните набори на турското сребро: секоја солза

те продлабочува. Спиеш врз неподвижна карпа. Околу тебе светот
се рони в бездна. Пиеш жива вода. Ја црпиш од устите на луѓето
што со тебе дишат. Секое утро се сведоци на твоето повторно

раѓање. Како и оваа песна. Уште малку и ќе ја стиши
лавината. А илјада еха наместо неа ќе се вивнат во воздухот.
Оти љубовта што ти тече низ жилите е семе, цвет, плод.


Превод: Лидија Димковска

Алеш Дебељак (1961-2016)

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото