Стока ситног зуба

22.10.2017 14:30
Стока ситног зуба

"Се случи страшен терор, уцени, закани, заплашувања и многу поткуп на гласачите од страна на актуелната власт во досега невидени размери."

Да повториме, почитувани читатели, на што, меѓу другото, односно пред се, се должи катастрофата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, според видувањето на партискиот лидер: СТРАШЕН ТЕРОР, УЦЕНИ, ЗАПЛАШУВАЊА, МНОГУ ПОТКУП, ВО ДОСЕГА НЕВИДЕНИ РАЗМЕРИ.

Добро.

Што прави жртвата на теророт, уцените, заплашувањата и поткупот во невидени размери, во толку невидени размери што предизвика невидени размери на поразот на вмро-дпмне, еднаков или блиску до смрт на партијата!?
Оди во вториот круг на изборите во неколку општини, да ќари, ако може, нешто ситно, некоја селска каса, некоја градежна парцела за продавање, некоја млекара за пљачкосување, да не би да мора лидерството да ги арчи украдените богатства на функционирање на злото во опозиција.

Да повторме: оди во вториот круг на изборите.
Не излегува од изборниот процес, што би било логично, ако се точни во десет проценти обвинувањата за теророт и поткупите.

Се поставува прашањето: зошто власта не би ги применила истите методи со кои триумфираше во првиот круг: СТРАШЕН ТЕРОР, УЦЕНИ, ЗАПЛАШУВАЊА, МНОГУ ПОТКУП ВО ДОСЕГА НЕВИДЕНИ РАЗМЕРИ.
Односно зошто на се уште несменетиот лидер на дебаклот, тоа не му паѓа на ум.
Или, можеби, му паѓа и однапред го подготвува алибито за катастрофата.

Скотот не се слуша што зборува, ниту пак тие што го слушаат, разбираат што тој збори. Неверојатни количества глупости, елементарни контрадикторности, политика на умоболни луѓе, уште полошо: стока, стока, стока, немам други зборови и тоа, како што викаше Туѓман кога сакаше да ги навреди противниците и сопствениот народ- "стока ситног зуба".

Слика: Свирачиња

 

ОкоБоли главаВицФото