Со непознат Босанец во автобусот до Нова Горица од Љубљана

23.10.2017 16:34

Неговата страст
речиси го испржи
мојот десен колк
што крај неговиот лев
седеше здрвено в молк.
Уште три дена потоа
ме печеше
иако после 45 минути
седнав на друго седиште.
А кога пристигнав
во Нова Горица
одвај му избегав.

Ооо, почна да ме копка,
требаше дооолго,
уште пооодоооолго
да го поднесувам и подвижно,
тој што ангелско-ѓаволски
се загреа за мене така
па ги надмина рекордите на природата.

Ама, бидејќи сум –
а таква е судбината зла
на секоја Словенка –
премногу мека, осетлива,
наивно возбудлива и мила
ЗАТОА на ѕверот
паранормално загреан
влез не му ослободив

Во чварка можев да се стопам!

Но од сѐ срце се надевам
дека таа ноќ
му дала некоја коскена
дебелокожа
жилеста
урамнотежена
ладна типка.
И од сигурна
тајна смрт
со самопалење
го спасила.

Зашто голема штета би било!
Како за ретко кого.

 

Превод: Лидија Димковска

Vida Mokrin-Pauer (1961), словенечка поетеса и писателка. Од 1989 е слободна уметница. Нејзините песни се преведени на десетина јазици.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото