Македонската држава не е дело на ВМРО

23.10.2017 16:33
Македонската држава не е дело на ВМРО

Македонската држава не е дело на ВМРО. Кога се создаваше македонската држава во 1944, дел од поранешните ВМРО-вци служеа во окупираниот и анектираниот дел на „целокупна Бугарија“, а Ванче Михајлов му служеше на фирерот. Откако беа поразени неговите батаљони во Егејска Македонија (кои се бореа заедно со СС трупите), го донесоа Радко во Скопје да прогласи фашистичка „независна Македонија“ по урнек на Павеличевата НДХ, ама и за тоа беше предоцна.

Голема хитлеровска лага е тезата на Груевски дека делото на ВМРО била независна Македонија во која сега живееме.

Независна Македонија е антифашистичка држава која ги продолжува традициите на АСНОМ, а не традициите на фашистичките крила на ВМРО кои ги пречекаа Хитлер и Цар Борис како овободители.

Најголем парадокс во забеганата приказна на Грујокио е неговата актуелна бугарофобија. Најголем дел од дејците на ВМРО се чуствувале како македонски Бугари. Секој нормален човек кој има малку прочитано за историјата на ВМРО (на бугарски јазик, разбира се, оти на тој јазик пишувале дејците) се згрозува од антибугарскиот карактер на Груевски и неговата криминална фамилија.

Накусо, бугарофобот Груевски и неговата криминална банда немаат ништо заедничко ниту со ВМРО (од 1919), ниту со ВМОРО, ниту со ТМОРО, ниту со МРО.
Тие се бедни манипуланти и криминалци кои треба да завршат во затвор заради нивните криминални дејанија. Немаат ништо општо со идејата на ВМОРО/ТМОРО.

Слика: Свирачиња

 

ОкоБоли главаВицФото