Македонско-бугарска трагедија

24.10.2017 12:21
Македонско-бугарска трагедија

Трагична е судбината на повеќето од основачите на „организацијата“ во Солун во 1893.

Даме Груев загинува на Петлец на крајот на 1906 откако е ранет во контроверзни околности во Русиново.
Христо Батанџиев бил фрлен од брод и удавен во Егејско море во 1913.

Интелектуалецот Андон Димитров (образован правник кој станал и судија во Битола и Цариград), се самоубива во Софија во 1933.

Учителот и книжар Иван Хаџиниколов се самоубил во 1934 со мисла дека организацијата што ја основал е одговорна за упропастување на Македонија.

Петар Поп Арсов се повлекува од јавниот живот по поделбата на Македонија и умира во Софија во 1941.

Најдолго живеел докторот и интелектуалец Христо Татарчев кој бил принуден да емигрира во Италија поради заканите на Александров и Протогеров (од ВМРО). И последната желба да почива во Македонија не му била исполнета. Кога се вратил во ресенско по фашистичката окупација, во септември 1944 добил нацистички предлог да прогласи „Независна Македонија“ поради неговите „прогермански убедувања".

Иако го одбил предлогот, бил принуден да емигрира пак во Италија по падот на фашизмот.
Има ли потреба за некакво славење на основачите на „организацијата“?

 

Слика: Свирачиња

 

ОкоБоли главаВицФото