Родителите се тешки, децата сме смешни

26.10.2017 10:13

Врз решетките на срцето
ги носам
мајка ми од лим
татко ми од злато.

Татко ми не смеам да го
продадам,
мајка ми не престанува
да тропа.

Моето железно срце
од плач ’рѓоса.
А од радост би се скаменило
и би си играло,
мртво да е и крај,
и неупотребливо за ништо.

Превод: Лидија Димковска

Vida Mokrin-Pauer (1961), словенечка поетеса и писателка. Од 1989 е слободна уметница. Нејзините песни се преведени на десетина јазици.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото