Фестивалот за современи уметности АКТО започнува овој петок во Скопје

26.10.2017 10:58
Фестивалот за современи уметности АКТО започнува овој петок во Скопје

Утре започнува 12 издание на фестивалот за современи уметности АКТО во Скопје, кој ќе се одржи на 27 и 28 октомври во Кино Култура и Железничка зграда.
Фестивалот ќе започне во петок, со отворен штанд за продажба на независни музички изданија во холот на Кино Култура. Идејата на овој музички саем е да се промовира новата македонска музика и македонските артисти, со посебен акцент на трендот на издавање македонска музика на плочи.

Во петокот вечер пак, од 20 часот програмата продолжува во Кино Култура, под мотото АКТО за заедниците, а ќе се одржи едно своевидно Истражувачко студио за храна, наука и уметност, во кое учесниците преку процесот на готвење храна ќе ја истражуваат поврзаноста помеѓу кулинарството, науката и ументноста или процесот од идеја до готово дело.
После готвењето, следува музичкиот дел, со DJ сетови на Мирко Попов, Flooder и Илина Ангел, кои ќе не потсетат како излгледале журките во градот кога се пуштало музика на плочи, пред ерата на дигитализација.

Во сабота, на вториот фестивалски ден програмата се сели во Железничка зграда, на ул. Борка Талевски бр 26. Од пладне па до 15 часот, ќе се одржи перформативно-истражувачки проект насловен како „Кога зградите би зборувале“, а ќе го проследи специјален настап на сајд-пректот на Фолтин, „Дејви Д’ Боуви + Паднатите од Марс“ кој ќе започне во 13:30 часот. Бидејќи просторните услови во зградата налагаат настаните да ги проследи поограничен број на луѓе, заинтересираните треба да се пријават на Фејсбук страната АКТО фестивал со порака.

„Кога зградите би зборувале“ е уметнички перформативно – истражувачки процес на авторот Филип Јовановски, кој ја ангажира локалната заедница во креирањето на делото и создава поволен контекст за адресирање на прашањата за јавното и заедничкото напроти приватните и конзервативните интереси на различни општествено - социолошки нивоа. Централна позиција во овој развоен, испитувачки и колаборативен проект има Железничка зграда во Скопје, културно наследство од 1946 год. со уникатни решенија за колективно домување во земјава, кое директно се соочува со неприликите на овие неколку декади.

Овој проект е во континуитет на мапирањето простори во Битола и Скопје, кои имаат потенцијал да се вратат во служба на јавно добро во фунцкија на културните настани и на граѓаните и при тоа да се изнајде соодветен начин на нивно одржување и ко-управување. Ова лето, на изданието на АКТО во Битолана се отвори прашањето за ревитализација на Офицерскиот дом и негово враќање во фунцкија на граѓаните и културата, а сега АКТО се сели во Скопје во обид да ги заживее просторите на Железничка зграда и веќе постојниот културен ценар Кино Култура.

Ова издание на фестивалот POP UP Акто АКЦИЈА го организир здружението ФРУ, во партнерство со Локомотива – Центар за нови иницијативи во културата и уметноста од Скопје, Здружението на текстилни, кожарски и чевларски работници Гласен текстилец Штип како и регионалните соработници „Фрлачи на сенки“ од Загреб и „Супервизуелна“ од Белград.

Тимот го сочинуваaт: Филип Јовановски – уметнички директор и куратор,Ивана Васева – програмска директорка и кураторка, Илија Тирицовски и Александар Јовановски - куратори и координатори на музичка програма, Елена Димитровска – координација и продукција, како и КОМА графички дизајн.
ПОП АП АКТО АКЦИЈА е поддржан од Министерство за Култура на РМ, Фондација Фридрих Еберт - канцеларија Скопје, и општина Центар


 

Слични содржини

Јавни простори / Балкан / Култура / Настан
Јавни простори / Култура / Уметност

ОкоБоли главаВицФото