Пушењето произведува повеќе загаден воздух отколку издувните гасови

26.10.2017 13:17
Пушењето  произведува повеќе загаден воздух отколку издувните гасови

Луѓето што пушат цигари го загадуваат воздухот 10 пати повеќе од автомобилите, велат експертите.
Чадот од тутун произведува многу повеќе токсични честички отколку издувните дизел гасови. А тие се елемент на загадувањето на воздухот што се смета за најопасен за здравјето.

Тимот на Националниот институт за рак им соопшти на службите за контрола на тутунот дека овие наоди објаснат зошто непушачите изложени на пасивно пушење имаат оштетувања на белите дробови.

Институтот ги поддржува сè погласните повици за забрана на пушењето во затворени јавни простори.
Познато е дека честичките го зголемуваат ризикот од рак на белите дробови и астма, а во Европа законското ограничување за овие честички е поставено на 40 микрограмови на метар кубен годишно.

Честичките доаѓаат од различни извори, како што се автомобилите, камионите, автобусите, фабриките и градилиштата.

Тутунскиот чад во животната средина е уште еден извор на овие токсини, на кој според д-р Џовани Инвернизи и неговите колеги во одделот за контрола на тутунот во Милано, му се обрнува помалку внимание.

Тие спроведоа експеримент за да ги споредат емисијата на честички од цигарите со оние од дизел автомобилите.

Експериментот беше спроведен во приватна гаража, во еден мал планински град во северна Италија, во кој има многу ниско ниво на загадување од цврсти честички.
Турбо-дизелски, два-литарски мотор, наполнет со гориво со ниско ниво на сулфур, беше стартуван и оставен да работи 30 минути во гаражата со затворени врати, по што вратите биле отворени четири часа. Потоа, биле запалени три филтер цигари и оставени да горат 30 минути.

 

Отровен воздух

Преносливиот анализатор на секои две минути ги покажувал резултатите за време на експериментот.
Комбинираните нивоа на честички во првиот час по стартувањето на моторот изнесувале 88 ug / m3. За споредба, оние забележани во првиот час откако биле запалени цигарите изнесувале 830 ug / m3 - 10 пати повеќе.

Издувниот гас на дизел моторот двојно го зголемил нивото на честички во воздухот, додека чадот од тутунот нивното ниво го зголемил дури за 15 пати, покажале мерењата на воздухот. Авторите велат: „Податоците покажуваат причина за загриженост".

И истражувачите од Универзитетот Лунд во Шведска открија токсични супстанци во воздухот на зачадена соба кои биле 120 пати повисоки отколку во просторијата без чад. Нивните откритија се објавени во списанието „Indoor Air".

Аманда Сандфорд од Action on Smoking and Health вели: „Ова истражување треба да влијае да разбереме дека тутунскиот чад може да предизвика респираторни заболувања, како што е астмата. Иако постојат многу извори на загадување врз кои немаме многу контрола, можеме да ги контролираме емисиите на тутунски чад. Веќе знаеме дека пушењето е причина за астма. Нема потреба да чекаме повеќе докази. Оваа студија ја нагласува потребата од забраната за пушење на сите затворени јавни места и на работните места. Секој ден на одложување значи повеќе луѓе се разболат заради пасивното пушење.“

Портпаролот на Здружението на производители на тутун вели: „Гаражата во планините во северна Италија не одговара на контролираните лабораториски услови кои вообичаено се потребни за експерименти од ваков вид. Политиката за пушењето треба да се базира на здрава наука".Тој смета дека додека чадот од тутун може да биде „вознемирувачки“ за некои луѓе, "не треба да им се дозволи на анти-тутунските ставови да ја нарушат научната објективност. Најдобар начин за справување со загриженоста на јавноста за тутунскиот чад во животната околина е да се обезбедат места за непушачите и пушачите со добра вентилација".

Извор: news.bbc.co.uk

 

ОкоБоли главаВицФото