По „Ќосето“, следни за отстранување „Александар“, „Филип“ и портата „Македонија“

27.10.2017 15:43
По „Ќосето“, следни за отстранување „Александар“, „Филип“ и портата „Македонија“

По отстранувањето на спомениците „Ќосето“ и „Мајка Тереза“, следни за отстранување се „Александар“, „Филип“ и портата „Македонија“. Во овие случаи е утврдено дека има директно кршење на Уставот на државата и поради тоа, тие ќе треба да бидат отстранети. Ова е евидентна нерегуларност што е утврдена кај овие предмети пред

Комисијата за „Скопје 2014“ при Министерството за култура. Ревизијата се врши детално и се опфќаат сите аспекти на нерегуларност во врска со проектите. Во подготовка се и елаборати за овие споменици и за портата, но кај нив е утврдено кршење на законот и Уставот, така што натамошната ревизија е излишна и тие треба да бидат отстранети, дознава „Макфакс“.

„По завршувањето на комплетните елаборати за спомениците „Ќосето“ и „Мајка Тереза“, каде што беше утврдена нерегуларност од повеќе аспекти„ и беа приоритетни пред Комисијата за Скопје 2014“, следни на увид се „Александар“, „Филип“ и портата „Македонија“. Во овие случаи најгрубо е прекршена основната законска регулатива, односно Собранието не одлучувало за нив иако така наложува законската постапка. Со тоа е прекршен Уставот и затоа ќе мора бргу да се реагира. По завршување на елаборатите, како што наложува постапката на Комисијата, тие ќе треба да бидат отстранети“, ни изјави Мирослав Грчев, претседател на Комисијата за „Скопје 2014“.

Што се однесува до Музејот на македонската борба, сè уште не е дојден на ред пред оваа Комисија, иако за неговата одржливост и оправданост на постоењето во неколку наврати негативни изјави имаше министерот за култура, Роберт Алаѓозовски. Првите увиди покажуваат дека за неговото отворање се почитувани законските постапки, но неговата иднина ќе биде решена по детаљните анализи.

Оваа петчлена Комисија, која е формирана како помош за разгледување на штетноста од објектите на проектот „Скопје 2014“, како што ни рече Грчев, работи со бавна динамика поради преголемиот обем на објекти и споменици што ќе треба да се разгледаат.

„Работиме исклучително внимателно и детаљно, а навистина има премногу за разгледување. Таму каде што кршењето на законот е очигледно, можеме да реагираме побргу, но има многу проекти каде што се правени перфидни бандитизми и тие бараат повеќе време за да се утврдат“, ни рече Грчев.

Извор: Макфакс

 

ОкоБоли главаВицФото