Федерации и независности

28.10.2017 10:43
Федерации и независности

Секоја пристојна федерација е подобра од секоја пристојна независност. Пристојна федерација тешко се прави, а пристојна независност, речиси, па е невозможно да се направи. Федералниот статус не петставува редукција на правата, туку ниво повеќе на нивната гаранција. Борбата за таканаречената независност, всушност, е борба на локалните елити за ослободување од таа контрола. И за себе и за граѓаните. Независноста во државна смисла е стара и анахрона категорија. Моќта на влијанијата денес е изместена од политичкото ниво и има други финансиски, технолошки, научни и други форми кои од независноста прават пародија и инструмент за прераспределба на преостанатите богатства во корист на елитата, која, за разлика од оние во пионерските времиња на идеите за државите и независностите, е ослободена од секаков идеализам за општите работи, таа е најчесто и селектирана од примитивниот и бескрупулозен дел на општесвото и е тешко корумпирана. Светот ќе мора да воспостави некој нов мир, некој антивествалски мир во кој ќе ја релативизира важноста на државите и ќе воспостави нови стандарди за организација на светот. Се плашашам дека неопходен услов за тоа ќе биде некоја форма на тешка катаклизма која исцрпеноста на сегашните решенија ќе ја направи очигледна.

Извор: Фејсбук профилот на авторот

ОкоБоли главаВицФото