Десет навики што треба да ги научиме од Швеѓаните

28.10.2017 11:42
Десет навики што треба да ги научиме од Швеѓаните

Lagom

„Lagom“ е збор што значи „вистинска мерка". „Lagom är bäst“ е популарна шведска поговорка и може да се преведе како „доволното е исто добро како гозбата". Оваа политика на умереност може да биде непријатна кога ги охрабрува Швеѓаните кои по природа не сакаат ризици, да ги ублажат нивните теми за разговор или да се воздржат од премногу гласно смеење... но, малку умереност е одлична идеја. Можеме да го искористиме овој концепт за да го намалиме конзумеризмот, да избегнеме уште некоја кавга на Фејсбук и можеби да седнеме малку и да уживаме во пријатното време надвор, наместо да брзаме во некое кафуле.

Fika

10 часот наутро е време кога сите се подготвени за пауза од работата. За среќа, во Шведска, тоа е време за „Fika“! Пријателите, соработниците и семејствата во ова време од денот прават пауза за освежителен пијалок (во Шведска тоа е обично кафе) и мала ужина. Тоа, најчесто е канелбул (колач со цимет и шеќер) или некое друго едноставно тесто, во кое може да се ужива и во попладневните часови. Откако го видов распоредот за јадење во градинката на моето дете и откако забележав колку сум гладна во ова време, мислам дека на сите добро би ни дошла оваа мала ужина.

Субвенционирани градинки

Шведската детска градинка (или „дагис", што значи градинка) е регулирана, креативна и субвенционирана владина институција, градинките се субвенционирани според приходот на родителите. Семејствата со ниски примања воопшто не плаќаат, додека семејствата со повисоки приходи плаќаат максимален износ по дете ... што вообичаено изнесува исто колку што е детскиот додаток што го дава владата. Достапноста на дневна грижа за децата им овозможува на родителите да работат со леснотија, ја поттикнува еднаквоста меѓу половите (нема потреба мајката да ја жртвува својата кариера ако семејството не може да си дозволи згрижување на децата), и им овозможува на децата да се дружат и да имаат искуства што не би ги добиле дома . Градинката до нас има специјална автобуска станица, со посебен туристички автобус кој ги вози децата од 3 до 5–годишна возраст, до разни локации низ регионот: одат на плажи, во шуми, национални паркови и музеи ... и сето тоа за цена, помала од две убави вечери во ресторан.

Nummerlapp

Наместо да чекате во редици што предизвикуваат анксиозност, за да стигнете до службеникот во поштата или рецепционерот во лекарската ординација, ризикувајќи некој да се провлече или да не види каде е крајот на редицата, Швеѓаните за сè употребуваат машини со бројчиња. На почетоткот ова е малку збунувачки, но по некое време почнувате да ја почитувате цивилизираноста на тоа што може да прошетате низ продавница, или дури и да заминете и да се вратите пред да го повикаат вашиот број, без да го изгубите местото во редицата. Пред некој ден, за некои формулари, морав да одам во канцеларијата за вработување, а редицата „nummerlapp“ беше прилично долга ... па отидов до продавницата во соседството и се вратив навреме за да стигнам на ред. Генијално!

Семејството пред работата

Без оглед на тоа што го правите или каде сте, Швеѓаните ја гледаат работата како секундарна во однос на семејниот живот. Мора да заминете порано од работа за да одите на концерт на вашата ќерка? Забавувајте се! Никој нема да каже дека жали за пропуштениот состанок и е незамисливо да се мешате во нечие најавено родителско отсуство. Ова може да биде малку незгодно кога, на пример, вашиот банкарски службеник за заеми е отсутен една недела, бидејќи детето му е болно и тој зел „VAB“ („vård av barn“ платени денови од владата за да останете дома со вашето болно дете), но Швеѓаните се посреќни и поздрави бидејќи не работат 80 часа неделно. Ова не влијае врз репутацијата на Швеѓаните како иновативни пронаоѓачи или продуценти на поп-културата: тие го измислиле Скајп, кацигите на велосипедистите и пејсмејкерите ... а исто така и патентите, ултразвукот и термометрите.

Lingonberries

Мојот сопруг го опишува ова овошје како „оние што сакаат да бидат брусници". Овие кисело –слатки бобинки со совршена големина се вкусни како џем и како додатоци на секое јадење, без разлика дали е благо или солено. Имав некои вегетаријански кнедли со кафен путер и „lingonberries“ и тоа беше навистина многу вкусно. Освен што е вкусна, брусницата е полна со антиоксиданси и може да го намали шеќерот во крвта, што е особено корисно за дијабетичарите. Тие, исто така, се антивоспалителни и помагаат за спречувањето на инфекции на уринарниот тракт.

Завршување на работите онлајн или преку мобилен

Во Шведска можете да ги платите даноците или да купите куќа со смс порака. Може да закажете преглед кај лекар или да ги проверите резултатите од вашата крвна слика на специјализирани веб страници. Вашиот упат за тестирањето на крвта дигитално се пренесува во лабораторија, поврзан е со вашата лична карта, така што не мора да се грижите за парче хартија. Во основа, безготовинско општество, постои специјална апликација (Swish) за пренос на средства на луѓе кои користат телефонски броеви, така што никогаш нема потреба да носите сметки за да му платите на продавачот на овошјето. Одлично!

Секаде со велосипед

Шведска е една од десетте земји во светот со најголем број на велосипеди по глава на жител и тоа се гледа. Секој оди секаде со велосипед (особено во лето, или кое било време блиску до летото, или дури и кога има малку сонце). Треба да се купат намирници? Одете со велосипед! Сакате да го земате вашето дете од градинка? Велосипед со детско седиште! Треба да земам повеќе од едно дете? Земете товарен велосипед! Во Шведска не ви се потребни ватирани панталони и модерна рамка за велосипед од титаниум, бидејќи сите постојано ги поправаат и се возат на стари велосипеди, со една рака пишувајќи на телефоните, а со другата мавтајќи им на другите возачи.

Многу време се поминува надвор

Кажете му на Швеѓанец дека во близина има брезова шума и ќе видите само трага од прашина што ќе ја остави брзајќи да ужива во свежиот воздух и песната на птиците. Првиот пат кога дојдов во Шведска, беше мај, а во куќата кадешто престојувавме немавме завеси на прозорците во спалните соби. Во месец мај се разденува во 4 часот наутро и останува светло до 23 часот. Кога ги прашавме домаќините зошто немаа завеси, тие подигнаа рамења и ни рекоа: „Толку долго е темно кај нас, што кога ќе огрее сонце, сакаме да добиеме колку што може повеќе светлина.“ Сите многу сакаат да седат на терасите на рестораните и пабовите, па на посетителите им се даваат удобни ќебиња за да уживат додека ги пијат своите пијалаци.

Бесплатно овошје за деца во супермаркетите

Ова е одличен начин за продавниците да го искористат овошјето пред да се расипе, а и да спречат децата да бидат нервозни од глад во продавницата. Кошница полна со банани и портокали или јаболка е поставена веднаш до вратата и родителите добиваат време да купуваат намира, додека децата се преокупирани со овошјето. Се работи за овошје што набрзо ќе биде тргнато од полициите, така што на овој начин се намалува отпадот. Победа за сите!

Извор: matador network

ОкоБоли главаВицФото