Молитва

29.10.2017 21:41

(пред крајот на годината
и пред истекот на векот)

Боже, зарем ќе оставиш да бидам неразбран
Од современиците мои – што ги мунѕосував ко џган!
Зарем ќе оставиш да останам во уплав збран
И да си заминам од веков – од мунѕосаните мунѕосан?
Придај им на моите сотатковинци додатен ум,
За да ме доразберат, и да ме следат молчешкум;
Не ги прекорувај престрого, не кревај ненужен шум,
Поучи ги, кога зборувам, да стојат отпростум!

За да се знае, конечно еднаш, КОЈ е КОЈ?
За да не понесам вина, дека, дури бев жив
Малцина надзборев а трижтолкумина не победив!

Господе, дај искористи го авторитетот свој,
Па, додека е време, застани на моја страна,
За да поверувам дека ѝ бев на вистината бранач!


Москва, декември 1994 г.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото