Груевски не ги признава изборите - ѝ фрли ракавица на „хунтата на Заев"

30.10.2017 00:55
Груевски не ги признава изборите - ѝ фрли ракавица на „хунтата на Заев"

„Заради изборни нерегуларности, силување на демократијата и на државата, ВМРО-ДПМНЕ не ги признава локалните избори", соопшти вечерва на прес-конференција лидерот на партијата, Никола Груевски.

Тој набројуваше повеќе примери за изборни нерeгуларности, закани и други видови притисоци кои имале за цел деморализирање, заплашување и уништување на опозицијата, на нејзините кандидати и членството, а за тоа ги обвини, како што рече „СС-бригадите и хунтата на Заев".

Освен што не ги признава изборите, Груевски испорача седум барања до власта: да се организираат предвремени парламентарни избори, кои според пржинскиот модел ќе бидат спроведени од техничка влада како за парламентарните избори од 11 декември 2016; да биде разрешен директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги; Оставка од претседателот на ДИК и враќање на старотo решение, според кое претседателот на оваа Комисија се избира на предлог на опозицијата; Да се направи вештачење на опремата во Управата за безбeдност и контрарaзузнавање поради сомнеж дека најмалку 100 лица од ВМРО-ДПМНЕ биле прислушувани; Итно завршување на судењето на Заев за случајот „Поткуп"; Да се формира Специјално јавно обвинителство кое ќе ги истражува изборните нерегуларности на изборите во декември 2016, и на локалните во 2017 година; Итно ослободување на лицата и прекин на постапките за сите обвинети и осомничени за настаните од 27-ми април.

Според првичните коментари на аналитичари, Груевски со ваквиот настап си создава терен за одбрана на лидерската позиција, а за да го дефокусира вниманието од сопствената одговорност по тоталниот изборен пораз, си бара други виновници за тоа Заев бара преиспитување на одлуката Додека Груевски зборуваше на прес-конференцијата, од СДСМ објавија дека според првични и неофицијални податоци, партијата победила во општините Бутел, Градско, Карбинци, Кисела Вода, Македонски Брод, Могила, Новаци, Старо Нагоричане, Чашка, Пробиштип, Штип... Лидерот на СДСМ Зоран Заев потоа пред новинарите оцени дека еуфорија не смее да има и дека од утре чека напорна работа. Тој ја повика ВМРО-ДПМНЕ да ја преиспита одлуката за непризнавање на локалните избори и до раководството на партијата апелираше во прв план да ги стави интересите на граѓаните.

Слика: Свирачиња

Извор: http://www.dw.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото