Еден човек

30.10.2017 19:29

Има еден има еден
Многу многу многу човек -
Белки цело човештво?!
Чунки живо божество?!

Има еден има човек
Од човека почовек е:
Прецедена човештина!
Препечена убавина!

Топлината на душата
Ти ја дава да се згрееш;
Бистрината на главата
Ти ја дава да успееш…

Тој со зборови те гледа,
Тој со очите ти збори -
Малкузборник – многусторник
Те облекува во грижи.

Го сретнеш ли, ти среќата
За цел живот ќе ја имаш,
Го видиш ли – видовит си,
Го снема ли – тешко тебе!

Има таков многучовек,
Твоето е да го бараш -

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото