Референдуманија

01.11.2017 01:44
Референдуманија

Во Италија повеќе возбуда предизвика натпреварот Јувентус – Удинезе (6:2) отколку референдумот за автономија што се одржа истиот ден (22 октомври) во региите Ломбардија и Венето. Не би можело да се каже дека Италијанците се помалку локал патриоти од Шпанците, односно од Каталонците, туку едноставно немаат ист мотив за возбуда. Во понеделникот беа соопштени резултатите од италијанскиот референдум, а веќе во четврток, ниту во еден тиражен весник немаше ниту збор за овој настан. Во Каталонија народот сакаше референдум, во Италија – политичарите.

Малку – малку па не одолевам да го цитирам Енио Флаиано, сценаристот на филмовите „Улица“, „Сладок живот“, „Осум и пол“ и многу други, кој напиша: „Политичката ситуација во Италија е секогаш драматична – но никогаш не е сериозна“. Овојпат тоа баш добро се совпаѓа со ситуацијата. Значи, Италијаните секако сакаат автономија,кој не би сакал, само а нив таа не им е предуслов за сепаратизам, туку како најдобро да се наплати еднодушноста што ја покажаа граѓаните. Но и таа не е преголема: во регијата Венето, остатокот од некогаш славната Венециска република, на референдумот излегле 57,2 отсто, а во Ломбардија излегле 38,3 отсто од гласачите. Двете страни слават победа, затоа што од оние што излегле над 90 отсто гласале за автономија. Ниедна политичка партија не била против референдумот. Неговиот карактер е „консултативен“, што значи дека нема никаква правна последица, туку само „им дава поголема поддршка на локалните политичари во преговорите со централната власт во Рим“.

Иницијаторот на референдумот е некогашната сецесионистичка партија Lega Nord (Северна лига), која откако влезе во власта ја изгуби сепаратистичката забревтаност, ако воопшто некокаш и ја имала. Вреди да се спомене дека региите Ломбардија и Венето се најбогати во Италија и дека им е доста од прелевањето на нивниот доход во неразвиениот југ. Значи како и кај Каталонците станува збор за откажување од солидарноста која не дава резултати, или за себичност на богатите – оценките зависат од агол се гледа.

Италијанските организатори се определиле за почитување на процедурата, па затоа им претстојат преговори со владата за зголемувањето на степенот на самостојност во водењето на судството, образованието, екологијата и во управувањето со културните богатства – има вкупно 23 области во рамки на кои, според законот може да се бара самостојност. Најважната е управувањето со локалниот банкарски систем. Охрабрен од тоа што на референдум излегле повеќе од 50 отсто на регистрираните гласачи, претседателот на Венето веднаш го прошири барањето и за стекнување на „посебен статус“, што значи слободно располагање со даноците од својата територија.

И сè што ќе се договори, а тие во Италија никогаш не се брзи и лесни, мора да се преточи во нацрт закони што ќе тргнат во парламентарна процедура, до усвојувањето во двата дома, со потпис на претседателот на државата кој има можност да ги одбие. Тоа ќе биде работа за следните генерации политичари со оглед на тоа што идната година се одржуваат општи избори на кои многумина нема да добијат преодна оценка.

Еден новинарски текст на авторот Омеро Чаи, дописникот од Барселона, на најтиражниот весник Ла Република придонесе за тоа во Италија малку подобро да се размисли и да се постават поскромни барања отколку во Каталонија. Во текстот станува збор за нескриената намера на каталонските политичари да го применат „косовскиот модел“. Во таа смисла, како што пишува новинарот, уште во месец мај Карлес Пуџдемон, претседателот на Каталонија, новинар и политичар, го примил претседателот на владата на Косово, Исо Мустафа, консулирајќи се со него за методите што треба да се применат. Основната предност шо ја имаше Косово, а тешко дека ќе ја стекне и Каталонија е поддршката на голем број земји, САД на прво место. Наспроти тоа, осамостојувањето на Косово со големи човечки и материјални жртви сè уште не е завршено. Сепак, на примерот на Косово, Каталонија ја гледа својата можност за еднострана сецесија, со повикување на насилство и кршење на човековите права и нормите на мешународното право. Со таа формула косово стигна до признавање во ООН и од страна на голем број земји. Каталонија под Франко, како и Косово под Милошевиќ доживеа брутално насилство. Но, малкумина, освен нив гледа совпаѓање во тие два примери.

Најрадикалната „косовска“ варијанта ја промовира Пилар Рахола, писателка, новинарка и портпарол на сецесионистите. Нејзиниот аргумент гласи: „Веќе 300 години се обидуваме да живееме со Шпанците, но сето тоа беше залудно и сега ни е доста од сè.“ На тоа крило поддржувач му е Алфредо де Заиас, експерт на Високиот комесаријат на ООН за човекови права. Шпанскиот претседател Рахој нема слух за нивните аргументи и се потпира врз судството и апаратот за принуда, зашто тоа му го овозможуваат важечките закони. Имено, членот 155 од уставот предвидува дека во случај на обид за сецесионизам може да се воведе принудна управа и суспензија на сите автономни права. И натаму да се инсистира на повлекување граница кон Шпанија, би можело да биде слично со Косово, но таа граница може да биде многу скапа и со неизвесна корист. Ниту Америка, ниту Европа не се склони да поддржуваат сепаратистички тенденции.

Зад речиси сите национални будења стои материјален интерес што ја објаснува можната суштина на бунтот. Каталонските водачи, исто како и они од Ломбардија и Венето, го поддржуваат помодниот етнонационализам со тврдењата дека централната власт го троши и расфрла доходот што тие го создале со тешка работа. Каталонија е во голем екоомски и културен подем и нејзините граѓани кои чинат 16 отсто од вкупното население на Шпанија, создаваат 25 отсто од домашниот бруто приход на Шпанија, а на име на даноци плаќаат 10 милијарди евра, односно околу 5 отсто од локалниот бруто приход.

Во централизираната Италија е уште полошо – сите даночни приходи одат во Рим, па оттаму назад во региите ги дистрибуира државниот апарат, освен во случаите кога региите со посебен статус кои во централната каса праќаат само една десетина од фискалниот приход, а суверено располагаат со остатокот. Тоа е статусот што го бара Венето, повќе отколку отцепување и создавање на полузаборавената Паданија.

Тенденциите на парцелизирање се исклучително масовни. Пред три години, Вашингтон пост објави дека 8 региони во Европа бараат независност, асвоите барања ќе ги интензивираат со бунтови и нереди. Се додаваат уште и 13 покраини кои лесно може да се побунат. „Бизнис инсајдер“ го проширува списокот на 37 региони, а Институтот за студии и документација на Европа (ISDEE) набројува 101 сепаратистичко движење во Европа. Потенцијалите за распаѓање очиглено се многу големи и личат на оној беконечен полупериод на распаѓањето на изотопите. А бидејќи не мислам дека Србија е папокот на светот и не мислам, као што некои сакаат да прикажат, дека Косово е фитилот што ги запали етнонационализмите насекаде низ светот. Чувам една страница од економското списание „Il Sole 24 Ore“ од 20 јуни 1992 година, на која првпат ја видов мапата на Европа со границите на безброј региони што сакат да станат самостојни држави. Тогаш бев фасциниран, а денес тоа е поблиску до реалноста. Сите тие мапи имаат уште еден заеднички именител – континентот Европа.

Францускиот социолог Марк Лазар пишува: „Денешните регионализми укажуваат на слабоста на демократијата. Тие се насочени против неодговорните национални политичари и произлегуваат од чувството на немоќ во однос на политиката што ја водат...Тие движења покажуваат амбивалентен однос кон Европа: од една страна ја критикуваат нејзината бирократија и дефицитот на демократија, но од друга страна сакаат да останат во неа и тоа многу поодулчно отколку националните држави“. Некогаш важеше тезата дека националните држави настанале кога на индустриското производство му станал претесен пазарот на градовите и феудите, па му било потребно проширување. Денес живееме во време на глобализација кога пазарот станува планетарен. Националните граници се воочлива препрека. Европа прокламираше слобоно движење на луѓето, стоката услугите и капиталот, а сведоци сме дека во тој процес националните држави се кочница. Европа на региони има поголема логика на опстанок отколку денешниот конгломерат на национални држави.

Каталонскиот парламент усвои декларација за независност и прогласување република, што е раскинување и со династијата, не само со Мадрид. Усвојувањео на транзиторниот закон со кој се востановува судски, даночен, социјален и банкарски систем е доказ дека зад ерупцијата на емоции, стои многу организирана работа за осамостојување. И Европската унија и Америка кои ги определуваат односите на тнр. Запад, без сомнение ја поддржале Шпанија, која што и да направи мода да испаден губитник. Не се ретки коментаторите на големите медиуми кои сметаат дека Рахој погрешил, завземајќи тврд став. Нивниот аргумент е дека Баскија која жестоко се бореше, има сопствена востаничка војска ЕТА и конечно доби автономија која подразбира располагање со даноците, собрани на својата територија, го положи оружјето и се смири па сега за неа ништо не се слуша. Каталонија, сепак, изгледа дека не е ист случај. Тоа што се случува со неа повеќе личи на распад на традиционалната држава.

Слики: Yves Herman

Извор: Peščanik.net

ОкоБоли главаВицФото