1006 hPa
45 %

26 °C
Скопје - Вто, 08.07.2025 22:59
Најчесто, токму што се разденило,
ја искачуваме оваа нагорнина.
Ридот со благи грпки лулее чекори морни,
в пресрет; нерамнини пречекливо зеленило.
На дофат поглед околу: засевки лебородни
и мали простирки лозја, лозја, лозја.
Крај патот што ластареше: бресја, бојлии,
по патот: брзоодица.
Го пресртнуваме забрзано поточето,
тој веселник од Султан-суи,
и доброутрата на торбешите од Света Петка,
што слагаат в град со товар грижи
и нешто матеница за продавање.
Часипол јазење сме таму
- љубено катче починка.
Жените веленца постилаат
под коштаните, веќе зазборени.
По некој поглед надолу лунѕа,
надолу в полето,
каде што Скопје го пржат горештините.