Дваесет вицови за плавуши

01.11.2017 19:49
Дваесет вица за плавуши

Зошто плавушата ја симнува вратата кога се тушира?
- За да не ја гледаат низ клучалка!

***

Што вели плавуша кога ќе затрудни?
- Многу ми е гајле, можеби и не е мое!

***

Зошто плавуша компјутерот го држи на земја?
- За да не му падне системот!

***

Зошто плавуша наочарите ги држи на стомак?
- Поради слепото црево!

***

Зошто плавушата става млеко в гаќи?
- Да го нахрани мачето!

***

Плавуша во аптека:
- Имате тест за бременост?
- Да.
- А тешки се прашањата?

***

Бринета прашува плавуша:
– Колку калории можам да согорам, ако пливам цел час во базен!?
А плавушата одговара:
– Глупа жено! Не можeш да гориш работи во вода!

***

Плавуша излегува со новиот дечко. Седат во еден парк, дечкото вади кутија цигари, ги подава кон неа и прашува:
– Цигара?
Плавушата:
– Знам дека е цигара.

***

Разговараат две плавуши.
– Од каде ти е ова ружно куче?
– Ми остана од претходниот дечко.
– Па да бидам искрена, можеше и да го абортираш.

***

Полицаец застанува една плавуша и ѝ вика:
– Возачка?
– Да, да, јас сум возачка.

***

Плавуша оди на интервју за работа во полиција. Шефот на полицијата:
– Ќе ви поставам неколку прашања. Колку е два по два?
– Четири.
– Во ред. Квадратен корен од 100?
– 10?
– Добро. Кој го убил Гоце Делчев?
Плавушата молчи. После некое време рекла:
– Не знам.
– Добро, размислете и дојдете утре.
Пријателката ѝ се јавила на плавушата:
– Те вработија?
– Не само што ме вработија, туку веќе ми дадоа и истрага за убиство да водам!

***

Плавуша доаѓа во продавница за очила и прашува:
- Имате наочари?
Продавачот одговара:
- За сонце?
- Ма не, за мене! - вели плавушата.

***

Две плавуши прават муабет:
– Многу ми е паметно детето.
– Па како да не биде, 9 месеци во средно го носеше…

***

Си седат две другарки плавуши и си разговараат и едната вели:
– Го изневерив маж ми на кожната столица и сега имам грижа на совест и сакам да ја продадам! Како ме советуваш?
– Ако гледаме така, мене ќе ми останат само лустерите.

***

Седи плавуша во автобус кога влегува една баба. Бабата ѝ предлага на плавушата:
- Може да се замениме?
А плавушата одговара:
- Ма немој, па ја да бидам баба?!

***

- Ма, разбирам јас како штрковите носат деца... Ама никако не ми е јасно како пајак носи кола!

***

Плавуша се запознава со некој лик и тој ѝ се фали:
- Јас сум пластичен хирург!
А плавушата одговара:
- Леле, а изгледате како вистински!

***

Две плавуши се сретнуваат на улица:
– Леле, колку си ослабела! Нова диета?
– Да, моркови, компири, цвекло.
– Ги вариш или ги печеш?
– Ги копам!

***

Прашуваат плавуша:
– Кој е поважен за вас, мажот или љубовникот?
– Мажот! Без него не можам да си го замислам животот со љубовникот.

***

Згодна надарена плавуша влегла во казино, извадила 10.000 евра и им рекла на мажите околу масата:
– Се надевам нема да ви пречи ако се соблечам гола; така имам повеќе среќа.
Мажите се согласиле, таа се соблекла, ги фрлила коцките и рекла:
– Ајде коцкички, ајде, ми требаат нови алишта!
Коцките паднале, плавушата почнала да скока од среќа и да ги гушка мажите околу себе:
– Погодок, погодок! Ви благодарам многу!
Девојката ги земала сите пари од масата, се облекла и си заминала.
Мажите гледале не можејќи да поверуваат во тоа што им се случило.
По некое време некој од нив прашал:
– А бе шо број ѝ падна на девојката?

Слики: Xue Wang

ОкоБоли главаВицФото