1023 hPa
100 %
7 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 22:59
Во серијата провокативни, лажни билборди, полскиот уметник Игор Доброволски обрнува внимание на модната и текстилната индустрија, нагласувајќи ги условите за работа и ужасите кои стојат зад славните брендови.
Доброволски нè потсетува дека три од најголемите трагедии во историјата на модата се случиле во Бангладеш во 2013 година, како што е уривањето на една фабрика во која загинаа 1.134 лица.
Лошите услови за работа, експлоатацијата на децата или бедните плати на текстилните работници Доброволски ги изложува пред граѓаните на Варшава, каде се поставени неговите билборди.
Она што го работи овој полски уметник можете да го следите и на Инстаграм и Фејсбук.