„Блесок“ бр. 116 посветен на Огнен Чемерски

02.11.2017 01:52
„Блесок“ бр. 116 посветен на Огнен Чемерски

Бројот 116 на списанието за литература и култура „Блесок“ е посветен на Огнен Чемерски, прерано починатиот преведувач, лектор и асистент на Κатедрата за англисκи јазиκ при Филолошкиот фаκултет „Блаже Κонесκи“. Чемерски беше познат и како преведувач на „Моби дик“ на македонски јазик.

Во овој број, можете да прочитате негови преводи на песни од поетесата Рут Падел, неговиот досега необјавен расказ „Гнездо“ кој од македонски на англиски го преведе Борислав Јарчевски, како и освртот на Елизабета Баковска кон студијата на Чемерски „Триста ветрила“.

116 број на „Блесок“ можете да го прочитате овде.