Хипстер зел станбен кредит за да има каде да постави фиксен телефон

02.11.2017 11:47
Хипстер зел станбен кредит за да има каде да постави фиксен телефон

Скопје, 2 ноември 2017

Младиот скопски дизајнер Петар Кул (27) одлучил да земе станбен кредит за да може да воведе фиксен телефон, што му е дамнешна желба.

Петар одлучил да ја искористи понудата на банката која не наплаќа трошоци за обработка на кредитот и да дојде до стан по поволни услови, а така и до свој фиксен телефон.

„Сите мои пријатели имаат фиксни телефони преку кои комуницираат и јас, како единствен кој користи мобилен, се чувствувам малку исклучено и отфрлено. Ми недостига да свртам нула кога е лош сигналот, сакам и јас да си купам црвен винтиџ ИСКРА телефон на пазар и сакам и јас да седам дома зашто очекувам важен повик. Меѓутоа, сето тоа не е можно ако немате свој стан. Затоа прво морав да купам стан, а наскоро ќе покренам и процедура за добивање фиксен приклучок, објаснува“ Кул.

Овој хипстер подигнал кредит во износ од 80.000 евра кој ќе го отплаќа 20 години, а бидејќи банката не му наплатила обработка за барање на кредит, заштедил пари за купување различни фиксни телефонски уреди.

„Иако луѓето често се мачат со избор на стан и долго трагаат по она што целосно им одговара, јас го завршив многу брзо тој дел од работата. Многу време потрошив барајќи фиксни телефони и за избор на најубавиот, најинтересниот и најретро уред“, ни објасни младиот дизајнер и додаде дека преостанатите пари ќе ги потроши на најмодерно винтиџ милје кое ќе биде подлога за фиксниот телефон.

Извор: Njuz