1007 hPa
100 %
13 °C
Скопје - Вто, 23.04.2024 16:59
Да, сега можете да ја следите Смрта на Инстаграм! Додека летото е на почетокот во Нов Зеланд, Инстаграм профилот на The Swim Reaper ве потсетува дека со него доаѓаат и бројните несреќи што можат да имаат и смртни последици.
Овој откачен Инстаграм профил е отворен и дизајниран од владата во Нов Зеланд, со цел да се зголеми свесноста за опасностите при пливањето и уживањето во вода. Секоја година, повеќе од 105 лица се дават, а причините за овие несреќи лесно може да се избегнат: пливање во алкохолизирана состојба, скокање главечки во плитка вода или игнорирање на лошите временски услови.
Оваа кампања дефинитивно е иновативна и необична, но нема да им се допадне на оние кои не се љубители на црниот хумор.
Извор: www.instagram.com/iamtheswimreaper