Македонија денес, во пет клапи

03.11.2017 13:16
Македонија денес, во пет клапи

Македонија денес, клапа прва

Пред извршување на смртната казна врз ВМРО, Чом му приоаѓа на осудениот и го прашува има ли нешто да изјави, осудениот вика имам, сакаме предвремени избори, Чом бара егзекуцијата да се одложи, обаче, гилотината паѓа, му ја сече главата на злотворот, таа се стркалува пред нозете на водителот во мракот, тој ја крева в раце, го мокри мустаќот во крвта што шика и се симнува од историската сцена.

(Македонија денес, клапа прва, прв пат)
01.11.17.


Сатисфакција

Ако добро функционира мафиотскиот акмис на Панчевски, Маневски и Груевски, може да се случи Михајлова да го води процесот против себе кога Кежаровски ќе реши да ја тужи оваа змија за страдањата во случајот Ореше!

Државата треба да се ослободи од михајловизмот во правосудството, односно од правосудството како вмровски михајловизам.

Тоа би била и важна сатисфакција за Кежаровски.

Башка парите што треба да му ги платат и државата и вмровските скотови.

02.11.17.


По убиството на лавот

Животните сакале да го убијат лавот.

Го овластиле зајакот да најде некој професионален убиец.

Му дале пари и чекале.

Во вториот круг стигнала вест дека лавот е мртов.

Сите биле воодушевени, но лисицата станала и рекла дека не е в ред парите за убиството на лавот да ги добие змијата отровница, која била ангажирана за вршител на работите атентатор.

-Што нада делат - прашал тигарот од Сибир - парите да се вратат или лавот да го оживееме!?

-Њет - сказал ево преосветителства, елефант - все нада пострелит!

Го извадил кртешникот од сурлата и целата џунгла ја стивнал за миг.

(Наравоучение: не е проблем ако го користиш Сител за соборување на режимот на Груевски, но ако соборувањето на режимот не го користиш за соборување на Сител - тоа е сериозен проблем)

01.11.17.


Лупевска, не фала!

Терористичките формати по телевизиите мора да се демонтираат као темпирани бомби во трговски центар, без дебати за тоа дали демонтажата ќе ги загрози човековите права на тие што ги поставиле! Сите формати, со сите водители, од топ-темите до радиоактивните емисии што почнуваат со прашањето имаме ли гледач на линија. Кај првите е утврдено дека Лупевска не може да се гледа повеќе од десет секунди без да се ризикува запек, импотенција, косопас или вагинална секретажа од сто и прва категорија, две повеќе отколку кога оваа одвратна емисија ја водат Боби и Чом, а кај втората група веќе ја слушам реакцијата на паметната публика: Немате, мајку ви ебам да ви ебам.

Ништо без тоа!

01.11.17.


Крст на Китка

Пијам црвен "Смирноф" пред бараката во Орешани. Изнесувам еден ден од смртта на моето сакано смоквиче. Во утринскиот студ. И зјапам со мокри очи од таа солза. Кон Китка. Нешто ми недостасува. Смоквата? Да, но уште нешто ми фали. Вотка? Ја полнам чашата до врвот. Но, празнината останува да зјапа. Крст на планината!? Тоа ќе да е. Има ли некој да му јави на Тодора Петров. Или на Стефана, господинот. Да ми стават голем крст на Китка. Да свети навечер. И денски.

Да се знае до каде е наше. Убавото гробје. На тажното православје!

03.11.17.

Слики: Александар Дојранлиев
Извор: Фејсбук профилот на авторот