На овој мал и студен век

03.11.2017 17:54

(Рондо за Христо Полјански)

На овој мал (и студен) век
Му бевме загрејувачи -
Го топлевме со благорек
Му бевме одгледувачи…

На овој мал (и матен) век
Му бевме разбиструвачи -
Развлечени низ бујат тек
Му станавме толкувачи…

На овој мал (и колнат) век
Му бевме добри псувачи -
Нè мунѕоса со горкорек:
Му бевме побарувачи…

На овој мал (и сопнат) век
Му бевме разврзувачи -
Со ѕвек и сек, со непендек,
Сонувачи! Милувачи!…

На овој мал (и клекнат) век
Му бевме поткренувачи -
Му најдовме за простум лек:
Му бевме наздравувачи…

На овој мал (и клоцнат) век
Му бевме обновувачи -
Му бевме потсетник за штрек:
Спасувачи! Дарувачи!…

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото