Пиштол на солзи

04.11.17 14:17

Во текот на Холандската недела на дизајн во 2016 година, тајванската дизајнерка Ји-Феи Чен го претстави својот проект со име „Пиштол на солзи“, направа која собира вистински солзи кои потоа можат да бидат испукани кон лицето кое го предизвикало плачењето. Овој поетичен концепт на дизајнерката е поврзан и со канализирањето на емоциите и борбата против разните авторитети.

Пиштолот на солзи ги собира солзите во силиконски „џеб“, потоа ги замрзнува во мал резервоар и буквално ги испукува како куршуми. Прекрасен пример за тоа како дизајнот може да се искористи на креативен начин и да се претвори во вистинска уметност!

Tear Gun from Yen-An Chen on Vimeo.

Извор: www.yenanchen.com

ОкоБоли главаВицФото