Потребни се реални промени во вложување во сообраќајните приоритети

06.11.2017 12:52
Потребни се реални промени во вложување во сообраќајните приоритети

Времето на патување е суштинско за изборот на одреден начин на превоз. Не едукацијата, не свеста.

Може да постои образование дека точакот е поздрав, дека со јавен превоз помалку загадуваш и тоа е задолжително и е позитивно, но секојдневието и обврските ги газат луѓето.

Времето им е скапоцено. Тие во најголем процент го бираат оној начин на превоз кој е најбрз!

Анкетите НАСЕКАДЕ низ светот го покажуваат истото. И кај нас, и во Копенхаген и во Париз.

Луѓето бираат точак во Копенхаген во толкава мера зашто Копенхаген е направен така што точакот е најбрз и најкомотен начин на превоз. Луѓето бираат јавен превоз во Париз зашто им нуди поголема брзина и повеќе можности од кола. Луѓето бираат кола во Скопје зашто Скопје им нуди поголема брзина и повеќе можности (можат да паркираат каде сакаат без да бидат казнети) од другите начини на превоз.

Затоа имаме институции. Не за да очекуваат лична свест сама по себе (тогаш не ни се потребни институции), туку преку нивните одлуки - стимулации и рестрикции - да поттикнат превезување на одреден начин кој е пожелен за општеството, животната средина, здравјето.

Задача на институциите е да се зголемат условите/можностите за патување пешки/со точак/со јавен превоз: специјални патеки, поголема безбедност, поголема комоција и достапност, поголема брзина преку ПОИНАКОВ дизајн на улици и семафори кои ќе им удоволат на овие начини на превоз итн.

А не да чекаат луѓето лично да се освестат. Во Копенхаген 56% од тие што возат точак возат зашто точакот е направен да е најбрзо превозно средство! Само 5 % возат заради заштита на животна средина.

На одговорните во институциите им е РАБОТНА ЗАДАЧА да се грижат за животната средина, за метежот, за здравјето итн. и затоа одбрале да го прават точакот најбрз.

Кампањите за лична свест ќе имаат влијание во промена на навики само кај неколку проценти од населението.

Затоа, ако сакаме реални промени во ЛИЧНИОТ ИЗБОР, мораме да имаме реални промени во ПРИОРИТЕТИТЕ НА ВЛОЖУВАЊЕ во сообраќајот, а не (само) адресирање на личниот избор.

Извор: НаТочак

ОкоБоли главаВицФото