Филмска проекција и забава во „Дуња“ за одбележување на Светскиот ден против фашизмот

07.11.2017 10:09
Филмска проекција и забава во „Дуња“ за одбележување на Светскиот ден против фашизмот

По повод Меѓународниот ден против фашизмот, 9 ноември, Социјалниот центар „Дуња” во своето седиште организира проекција и дружба.

Вечерта ќе се прикажува филмот „Фауновиот лавиринт” (“Pan’s Labyrinth”). Овој шпански филм со три освоени Оскари, каде реалното и фантазијата се испреплетуваат во исклучително темна приказна, претставува метафора за поствоената Шпанија од 1944 година.

По филмската проекција, присутните ќе имаат можност да земат антифашистички беџови и да го поддржат алтернативниот простор, како и да се забавуваат со музика која ја отсликува антифашистичката борба во разни земји.

„Кој, ако не ние? Кога, ако не сега? Отпорот против фашизмот е наша општествена должност!“, се вели во најавата за настанот, кој ќе започне во 19 часот.

Влезот за проекцијата и забавата е слободен.