Колку милиони евра од новиот Буџет треба се одвојат за заштита на животната средина?

07.11.2017 10:29
Колку милиони евра од новиот Буџет треба се одвојат за заштита на животната средина?

Во врска со предлог-буџетот за 2018 година, бараме Владата на РМ итно да оформи посебен Фонд за заштита на животната средина и да одвои околу 1% од проектираниот БДП за 2018 година.

Според Еуростат, во 2015 година Словенија одвоила 389 милиони евра, додека Бугарија одвоила 358 милиони евра за заштита на животната средина, т.е. вкупните расходи за заштита на животната средина на владите во ЕУ-28 земјите изнесувале просечни 0,8% од БДП.

Заради катастрофалната еколошка состојба во Македонија сметаме дека Владата треба да одвои околу 1% од БДП во посебен Фонд за заштита на животната средина. Го повикуваме Министерството за животна средина итно да изготви акциски план и соодветни проекти за бараните средства.

Како илустрација за лошо приоретизирање на јавните политики, во изминативе 10 години потрошени се скоро 700 милиони евра за проектот „Скопје 2014“ според Призма – Бирн, додека годишниот буџет на Министерството за животна средина и просторно планирање варира помеѓу пет и десет милиони евра.

Потсетуваме дека според Светската Банка (2015), како последица на аерозагадувањето македонската економија трпи годишни загуби од 253 милиони евра или 3,2% од БДП, што значи дека реалниот раст на економијата изминативе години е 0%. Овој тренд мора да запре.


Заедница на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“
Unioni i eko-aktivistëve "Skopje Smog Alarm"

 

КОПИИ ОД СООПШТЕНИЕТО ЗА ЈАВНОСТ СЕ ИСПРАТЕНИ ДО: Влада на РМ; Министерство за животна средина и п.п.; Делегација на ЕУ во Македонија; Канцеларија на Обединетите Нации во Македонија: Амбасади на САД, Германија, Велика Британија и Холандија.

Скопје Смог Аларм е grassroots граѓанска заедница на еко-активисти. Целите на иницијативата се да го подигне нивото на свест кај граѓаните за ризиците од аерозагадувањето и да врши јавен притисок врз надлежните да преземаат акции за спречување на аерозагадувањето.

ОкоБоли главаВицФото