1019 hPa
65 %

5 °C
Скопје - Вто, 18.03.2025 03:59
Некој човек поминува, носејќи леб врз плешките.
Зарем, после тоа, да пишувам за мојот двојник?
Еден друг седнува, се чеша, вади вошка од пазувите, ја гмечи.
Со каква посветеност да пишуваш за психоанализата?
Трет градите ми ги прободе со стап.
Да зборуваш потоа, за Сократ, на лекар?
Инвалид поминува, дете го придржува.
зарем, потоа, треба да се чита Бретон?
Човек трепери од студ, кашла, плука крв.
Зарем треба да се алудира на потсвесното Јас?
Некој бара по тињата коски, лушпи.
Како да пишуваш, потоа, за бесконечното?
Ѕидар паѓа од покрив, умира, нема веќе појадоци.
Тогаш да воведуваш нови стилски фигури?
Трговец мами купувач за еден грам.
Да зборуваш, потоа, за четвртата димензија?
Банкар кривотвори финансиски извештај.
Со какво лице да плачеш во театар?
Бездомник спие, со згрчени нозе.
Кому да му зборуваш, потоа, за Пикасо?
Некој оди по погребната поворка, липајќи.
Како тогаш да посакаш да станеш академичар?
Некој чисти пушка во кујна.
Со каква храброст ќе зборуваш за задгробниот живот?
Некој поминува, броејќи со прсти.
Како да зборуваш за не‒Јас без да се врисне?
Превод: П. В.