Ако не го оправиме правосудството, ништо не сме направиле

08.11.2017 15:34
Ако не го оправиме правосудството, ништо не сме направиле

Правосудството е најголема катастрофа.

Ако не го оправиме, ништо не сме направиле.

Минатава деценија имав прилика да сретнам стотици жртви на судството, од кои добар дел заглавија во затвор поради политички причини и „тефтер“ судии.

И самиот имав прилика да се уверам во судскиот хаос во неколку процеси.

Еден од тие процеси е тужбата на Миленко поради тоа што сум го нарекол медиумски шарлатан, откако јавно, во ТВ емисија, се закануваше кон новинари со формирање здруженија за ликвидација.

Знам дека мојот кафкијански процес е речиси небитен во споредба со стотиците процеси со илјадници неправедно притворени и затворени.

Ама, во мојов процес можев лично, со свои очи, да се уверам во корумпираноста на судиите.

Со години процесот се водеше во кривичен суд, а Миленко првично бараше 50 илјади евра отштета.

Судијката ме третираше како најголем криминалец кога се повикував на моите права.

Дури и кога се смени судењето од кривична, во граѓанска постапка, јасно ми беше дека ќе бидам осуден.

Еден од најинтересните моменти во судењето беше кога тужителот Миленко донесе психијатриско вештачење за утврдување на нематеријална штета која демек настапила откако сум го нарекол медиумски шарлатан.

Тогаш сфатив дека не се само судиите корумпирани, туку и психијатрите.

Го објавувам во целост психијатриското вештачење како прилог на корумпираноста и нестручноста на психијатарот кој се потпишал на вештачењето.

На ваквите корумпирани психијатри треба да им се одземе лиценцата за работа, а „тефтер судиите“ кои зацрнија илјадници животи треба да одговараат за своите злодела.

Извор: Фејсбук профилот на авторот