1019 hPa
65 %

5 °C
Скопје - Вто, 18.03.2025 03:59
А ако после толку зборови,
зборот не преживее!
Ако после крилата на птиците
птицата што во воздух стои не преживее!
Навистина подобро би било
да изедат сè и да завршиме со тоа!
Да са раѓа за да се живее од нашата смрт!
Издигање на небото кон земјата
поради нејзините несреќи
и да се демне на моментот кога со нејзината сенка
треба да се изгаси помрчината нејзина!
Навистина подобро би било
да изедат сè па што тогаш...!
А ако после толку историја потклекнеме,
не веќе од вечноста,
туку од едноставните работи, како што е тоа
да се биде дома и да се размислува!
А ако после откриеме,
ни пет ни шест, дека сме живееле,
ако се суди според висината на ѕвездите,
според чешелот и флеките на марамчето!
Навистина подобро би било
без одлагање да изедат сè!
Ќе речат дека во едното од очите
влечеме многу тага,
впрочем како и во другото, многу тага
и во обете ока, кога гледаат, многу тага...
Тогаш... Се разбира!... Тогаш... ни збор!
Превод: П. В.