Разделба, сеќавајќи се на едно збогум

09.11.2017 16:41

На крајот, на конецот, конечно,
се враќам, се вратив и се окончувам и плачам давајќи ви ги
клучот, својот шешир и писменцево за сите вас.
На врвот од клучот има ковина во која научивме
како златото се лишува од злато, и се наоѓа,
на крајот од мојот шешир, кутриов мозок, слабо исчешлан,
и последната чаша чад, во својата драматична хартија,
го почива својот практичен сон на душата.

Збогум, браќа свети петри,
хераклити, еразми, спинози!
Збогум, тажни бискупи и болшевици!
Збогум, владетели во неред!
Збогум, вино, кое си во вода како вино!
Збогум, алкохолу во дожд!

И на самиот себе исто така си велам збогум,
збогум на формалниот лет на милиграмот!

Исто така збогум, на истиот начин,
и за студенилото на студот и за студенилото на топлината!

На крајот, на конецот, конечно, логика,
границите на огнот,
разделба сеќавајќи се на она збогум.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото