Градските власти да го променат односот кон зеленилото во Скопје!

11.11.2017 16:07
Градските власти да го променат односот кон зеленилото во Скопје!

„ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ ГИ ИСЕЧЕ ДРВЈАТА ВО ПАРК ВО ЧАИР, ШИЛЕГОВ НЕ ЗНАЕЛ ЗА СЕЧАТА

 

А кој да знае?! Градското претпријатие сече, кој да знае?!

Бараме детално информирање за состојбата на терен и планираните акции, бараме никогаш веќе градоначалник да не биде неизвестен за сеча на дрвја во неговиот град!

-Со што се располага од високо зеленило на територијата на Скопје (до 2016 требаше да заврши пописот на дрвја што градот си го правеше со ундп, за толку време шара ќе ја попишевме сами граѓаните)? Ако не е готов - зошто не е готов и каков ви е планот?

-Што од налози е дадено моментално или пред да дојдете во кабинет и што допрва треба да се направи, а што ќе се спречи, макар и со УСЕН налог (ДА НЕ СЕ ИЗНЕНАДУВАМЕ СИТЕ ВАКА)

-Како градот во иднина ќе постапува со дрвјата? Ќе бидат ли граѓаните соодветно информирани што се случува? Кога, како и со што ќе ги заменувате исечените? Кои се експертите што се бават со ова во градот? Може да ги запознаеме? Тимот?

-Зошто не ја користите машината за пресадување, па дури и да требало да се гради кајшто се исечени дрвјата? Можело да да ги преместите во близина.

-Кога ќе спроведете детална анализа на состојбата и ќе направите стратегија за заштита и развој на високото зеленило во скопје? Многу од проблемите си имаат свој одговор во дрвјата - смог, звук, атмосферски води, температура - ќе се зафатите ли посериозно со ова прашање?

-Какво место ќе има високото зеленило во планскиот процес што следи, (2020) имајќи предвид дека влезните податоци во документација се никакви, ГУП Скопје е практично погазен, а општините веќе во минатите мандати имаат донесено куп планови кои подразбираат дополнително уништување на зеленилото? (Се менува Устав, а камо ли планови и легислатива)

-Како ќе се поставите кога општините во иднина повторно ќе изгласуваат ДУП-ови без елаборати заради кои се планира сеча и уништување на високо зеленило?

За многу од овие работи имаме одговори и пракси, не само во ПС, туку и помеѓу колегите поголеми експерти, сè што треба е да посегнете, ако сте потопени од работа, барања и очекувања, но ние за тоа ве гласавме.

Бидете малку посериозни, ве молиме: дали освен ставот „ЗА зеленило“ имате знаење, план и стратегија? Што, всушност, е вашата замисла за високото зеленило во градот, кога за 2-3 недели од мандатот веќе ни сечат куп дрвја, а вие сте изненадени од тоа?

Кога ќе почнете да комуницирате со граѓаните и да не ги оставате на милост и немилост на моменталната ситуација (приватниот инвеститор), силеџии да ги бркаат од локации, на новинари да им давате прецизни одговори, да не ги оставате луѓето да нагаѓаат, да се јадосуваат, да се расправаат меѓу себе ради шпекулации и незнаење?

Време е за промена и ако не ја гледаме сега, нема да ја видиме ни за 100 дена!

За Водно ќе зборувме следниот пат.

Извор: Плоштад Слобода

ОкоБоли главаВицФото