Дизајнерки тврдат дека гинеколошките инструменти треба да ги осмислуваат луѓе што имаат вагина

14.11.2017 11:10
Дизајнерки тврдат дека гинеколошките инструменти треба да ги осмислуваат луѓе што имаат вагина

Џејмс Марион Симс е познат како „татко на гинекологијата“, но четири млади жени од Сан Франциско замислуваат иднина во која гинекологијата нема да има “татко“ и во која гинеколошките инструменти и пракси ги дизајнираат оние што имаат вагина.

Хејли Стујарт и Сахан Кумар, како и половината од светската популација, имале нелагодно искуство при рутинските гинеколошки прегледи за кои не се говори јавно: од тенката проѕирна наметка, до туркањето на студениот метален вагинален спекулум...

Стујарт, која е дизајнерка на индустриски предмети и Кумар, дизајнерка на доживувања, одлучиле прво да дознаат дали и други жени имаат непријатно чувство при гинеколошки преглед. Направиле анкета на пациентки и лекарки и заклучиле дека кај мнозинството жени, гинеколошкиот преглед предизвикува анксиозност и непријатност, особено кога се работи за инструментот спекулум. Сознанието го споделиле со нивните колешки Рејчел Хобарт, визуелна дизајнерка и со инжинерката Фран Ванг.

Тие го започнале проектот Јона (yona) што е спој на зборовите „yonic“ (во облик на вулва) и вагина.
Џејмс Марион Симс ги осмислил дизајнот на спекулумот на крајот на 19-от век, но некои негови пракси се етички проблематични. Тој, наводно правел гинеколошки зафати кај поробените Афроамериканки без анестезија и без нивна согласност. И покрај сè, дизајнот на спекулумот останал ист уште од тоа време.

„Страшно е што во ординациите и натаму се користи овој инструмент“, вели Кумар.

Ванг, Кумар, Стујарт и Хобарт изработиле дизајн на спекулумот кој е посоодветен и попријатен за употреба. Една од најголемите разлики е звукот на спекулумот: оној што моментално се користи во ординациите е метален и има два „клуна“, што значи дека произведува непријатен звук кога се шири. Новиот спекулум е обвиткан со хиррушки силикон и наместо клунови илма три листови што се отвораат тивко и нежно.

Јона не е прв обид да се редизајнира спекулумот, обиди имало и од страна на компаниите „FemSuite“ и „Doctors Research Group“, но нивните обиди не заживеале, наводно заради неволноста на лекарите да ги применуваат новите инструменти, а некои пак сметале дека постоечкиот дизајн е толку добар што не може да се најде подобар.
„Знам дека промените во здравстевениот систем не се едноставни, но Јона од гинекологот не бара да прифаќа нови пракси, туку само да ги унапреди постоечките“, вели Кумар

Јона (Yona) сè уште е во фаза на прототип , но дизајнерките се во потрага по инвеститори со помош на кои ќе влезат во производство на овој инструмент.

Извор: the Lily

 

 

ОкоБоли главаВицФото