Марш на толеранција посветен на луѓето со попреченост

14.11.2017 11:38
Марш на толеранција посветен на луѓето со попреченост

Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, секоја година по повод Меѓународниот ден на толеранцијата организира Марш на толеранција за одредена област или ранлива група од нашето општество.

Оваа година маршот ќе биде посветен на луѓето со попреченост и ќе се одржи на 15-ти ноември со почеток во 15:00 часот.

„Целта на маршот е да ја покренеме свесноста за потребата за активно вклучување на лицата со попреченост во општествениот, јавниот и политички живот. Имајќи предвид дека една од главните пречки за непречено движење на лицата со физичка попреченост, особено оние кои се наоѓаат во инвалидски колички и слепите лица е неприлагодениот урбанистички простор, би сакале на овој Марш да ја покренеме свесноста преку акција за обележување на непристапните места и тротоари долж рутата, кои обележувања би послужиле како насоки за натамошни корекции од страна на градските власти“, велат од Хелсиншки комитет.

Рута на маршот: Почетна точка Музеј на Град Скопје – Улица Македонија – Парк ,,Жена борец" спроти Собрание на Република Македонија По завршувањето на маршот во паркот ,,Жена борец" ќе има неколку обраќања од страна на учесниците.

Маршот е поддржан од следните организации:

- Здружение на родители на деца со ретки невролошки болести КОКИЧИЊА
- Здружение на лица со даунов синдром ТРИСОМИЈА 21
- Здружение на граѓани за ретки болести ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ
- Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби
- Глас против насилство – Национална мрежа против насилство
- Национален совет за родова рамноправност – СОЖМ
- ПРОФИЦИО
- Различни, посебни, а еднакви МЕНУВАМЕ
- Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
- РЦПЛИП Порака
- Институт за дефектологија - Филозофски факултет „Св. Кирил и Методиј” Скопје
- Платформата за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје и права на лицата со попреченост во Р.М
- Отворете ги прозорците
- Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА
- Здружение на родители на деца и возрасни со аутизам и сродни состојби СПЛОТЕНИ СРЦА
- ЦИВИЛ – Центар за слобода
- Мрежа за заштита од дискриминација
- ЛГБТИ Центар за поддршка
- Сигурна куќа - Шелтер центар
- ЗЈПЈС Перспектива Астерикс
- Фондација "Проф. д-р Љупчо Ајдински"
- Сојуз на дефектолози на Република Македонија

 

ОкоБоли главаВицФото