Со мртвите не можеш да си играш играчки

14.11.2017 16:05

Со мртвите не можеш да си играш играчки
Немаат смисла за хумор, премногу се мирни,
Си го сфаќаат сериозно постоењето
Целосни се господари на своите судбини.

Премногу се сиромашни за да изгубат нешто
Пред нас, имотните, толку живи,
Не можат да се продадат за ништо на светот
Со нив не се исплаќаат стари долгови.

Со нив ништо повеќе не може да се стори
Не подложат повеќе на никаква осуда
Ниту на извишување на овоземското тло
Па како да ги натерате да се продадат

Повторно за поудобно, почовечко место?
По овие скалила, засекогаш искачени
Ги платија со сè расположливо, чесно
Еднаквостите што им беа дадени.

Превод: Лидија Димковска

Илеана Маланчоју (1940) е поетеса и есеистка, доктор по филозофија. Работела во романската телевизија како и во повеќе издавачки куќи и списанија. За време на диктатурата во Романија нејзините песни биле честопати цензурирани, така што во 1992 год. ја преобјавила забранетата поетска збирка „Искачување на планината“. Авторка е на повеќе поетски збирки за кои ги добила најзначајните романски книжевни награди.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото