Кому му е гајле за неговата оставка

14.11.2017 16:43
Кому му е гајле за неговата оставка

Надвор од кругот на внатрешните аспиранти, за неговата оставка се интересираат новинарите што пишуваат за брачните ситуации на селебритијата од трета категорија. Тој интерес е еден ранг над нивото на вестите за сообраќајните несреќи со материјална штета до сто евра, а далеку под нивото на вестите за сексуалните вознемирувања на момчињата и девојчињата во некој црковен хор.

Неговата оставка е испумпана од секакво политичко значење.

Добро, не од секакво, но од секое релевантно значење - да.

Луѓето не реагираат на такви работи какви што се соопштението на вмро-дпмне или изјавата на несудениот наследник.

Се однесуваат како да ги боли курот.

Односно, да не ги боли.

Сака се повлекува, сака не се повлекува.

Доаѓа малку тажничко.

Можеби, може да го поврати фокусот на јавноста ако скокне од штабквартирата на својата злосторничка инсталација.

Во новата ера или во нова димензија, сеедно.

Не верувам дека е во состојба да смисли нешто друго во таа насока.

Дури и кога ќе го уапсат, па и кога ќе почнат судските процеси против него или кога ќе влезе зелка да копа и говна да чисти во Идризово, тоа нема да бидат драматични настани; ние се изборивме да ја следиме неговата драма од безбедна дистанца, од фотеља, со стаклена вазна полна со пуканки на масата пред телевизорот, со убав сет на пцовки, со крпи за бришење на малите екрани од плунките што ќе му ги испраќаме додека во судската сала ќе објаснува како крадел, убивал и уривал, додека не ја клекнал на колена целата држава.

Предвидувам тотален банкрот на турските серии.

Слики: Александар Дојранлиев