Предлози до Заев, Шилегов и Макрадули

14.11.2017 16:42
Предлози до Заев, Шилегов и Макрадули

28 ургентни препораки за да се спречи енормното зимско загадување.

Почитувани управувачи, ако стварно сте решиле да се справите со проблемот на воздухот решително, без козметика и „машки" (или, попрецизно: женски!) од корист можат да ви бидат следниве мои предлози:

1.
Укинете тоа правилникот за информирање и алармирање. Скопје од средина на есен до почеток на пролет мора да има посебен режим на функционирање. Третирајте го градот како да има елементарна непогода.


2.
Во тој период:

  • Набавете и поделете маски со потребна заштита за сите.
  • Да поевтини градскиот транспорт или да биде бесплатен.
  • Кој доаѓа и си оди со точак од работа да добие минус еден час од работното време.
  • Задолжителен пар-непар систем во целиот период; каква и кола да се вози забраната за возење да важи барем еден ден во седмицата.
  • Колите без потребен стандард да не смеат да се возат целиот период.
  • Забрането да биде возењето кола со само еден патник; кој ќе вози така ќе биде санкциониран.
  • Субвенционирани или целосно бесплатни печки на плин и доволно боци за сиромашните за цела зима.
  • Поевтино парно за сите.
  • Целосен мораториум за сите градежни активности.
  • Засилени инспекциски тела на терен за да проверуваат дали некој се грее на ужаси (гуми, нафта, пластика...).

3.
Целосен инспекциски надзор на сите индустриски капацитети; проверка на филтрите; дали имаат повеќе наменски горилници; ако имаат - да им се постават детектори за да се следи нивната работа.


4.
Да се воведат големи казни за тие кои маскирано загадуваат.


5.
Купете автобуси на плин или модифицирајте ги постоечките, ако постои начин.


6.
Делете плински боци за греење каде треба.


7.
Купете усисни машини за ПМ 10.


8.
Цела година правете кампањи за велосипедизам и пешачење.


9.
Субвенционирајте коли на струја.


10.
Субвенционирајте фотоволтаични панели на куќи и згради, за не мора РЕК Битола да работи со полн капацитет.


11.
Прогласете потполн мораториум за сечење дрвја цела година.


12.
Креирајте Катастар за зеленило.


13.
Контрола на центрите за технички преглед: дали проверуваат правилно издувни гасови; ако не го прават тоа да бидат веднаш затворени.


14.
Во пикови децата да не одат на школо.


15.
Бесплатни автобуси до Водно.


16.
Прочистувачи на воздух во сите градинки, училишта и факултети.


17.
Пунктови за изнајмување по евтина цена на градски велосипеди во секоја населба.


18.
Вие да одите со точак или пешки на работа за да ги мотивирате луѓето да го следат вашиот пример; нели сте лидери?


19.
Подобрување на велосипедската инфраструктура; акнење на велосипедската култура.


20.
Зголемување на возниот парк (ЈСП) (на плин или електричен погон) и дисциплина и точност на возниот ред.


21.
Субвенции за сончеви колектори.


22.
Секој граѓанин да си засади по 3 дрвја и да ги пази и одгледува.


23.
Турете многу од вертикалните градини за прочистување низ градот.


24.
Субвенции за пренос на колите од бензин на плин.


25.
Субвенционирајте да се стават филтри на сите индустриски оџаци.


26.
Вработете и опремете инспектори. Нека хараат на терен како да се УЈП.


27.
Дневна контрола на работата на Дрисла. Да се проверува дали уништуваат несоодветен увезен или наш отпад и дали тоа го прават со горење или на друг несоодветен начин кој загадува.


28.
Земете кредит и направете ИТНА И ЦЕЛОСНА ГАСИФИКАЦИЈА!!!

За сега толку.

ОкоБоли главаВицФото